МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Катругалос: ЕУ да ја цени и политичката волја на Северна Македонија покажана со Догов..
Анализа: Преку 80 отсто од граѓаните сакаат да одат по шалтери, наместо електронски д..
Со Преспанскиот до НАТО, со Северна до нови поделби
Дескоска: Барањето за екстрадиција на Груевски за 27 април деновиве ќе биде пратено д..
Регион
Договор со Белград е можен уште во текот на годинава

Договор со Белград е можен уште во текот на годинава

понеделник, 15 април 2019, 11:56ч.   |   Z.H.

 Договор меѓу Приштина и Белград е можен уште во текот на оваа година и покрај сериозниот застој во разговорите во последниве неколку месеци, изјави косовскиот претседател Хашим Тачи.

 
– Мораме да седнеме дури и со нашите најлути непријатели, но без какви и да било предуслови, и да се обидеме да се сослушаме едни со други- изјави Тачи за лондонскиот весник „Гардијан“.
 
Тачи нагласува дека во дијалогот меѓу Белград и Приштина го вложил сиот свој политички капитал што го изградил во изминативе две децении, додавајќи дека неуспех на разговорите би претставувало штета за целиот регион.
 
– Во сегашните околности, со сите тензии, не гледам зошто некој странски инвеститор би дошол и би инвестирал во нашиот регион. Само мировен договор може да донесе напредок- оценува Тачи.
 
Косовскиот претседател смета дека демаркацијата на границата меѓу Косово и Србија може да се регулира со „сеопфатен договор за меѓусебно признавање“, нагласувајќи при тоа дека е невозможно разграничување по етнички линии. 

© ЖУРНАЛ    ~18,6

НАЈЧИТАНИ ОД РЕГИОН
Гледате ли нешто погрешно - поради ова забрането е фотографијата на оваа матурнтка да се најде на табло
(Видео) Силно невреме ја погоди Србија, паѓаше град со големина на лешник
Убиство среде улица во Србија - незапаметена трагедија утринава
Нов закон: После 17 часот не смее да се наплаќа за лежалки и чадори на плажа
Нова страшна несреќа на местото каде изгоре автобусот: Се враќале од погреб па се судриле
Ученик го мава професорот со шише на час во црногорско училиште
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.