МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Момировски: Обвинителството и МВР да го разјаснат случајот со изборната апликација на..
Ако извисат претседателските, шефот на државата ќе се избира во Собрание или на избор..
Отсуството на судијата го одложи „Монструм“
Деркоски: Сѐ се одвива беспрекорно, спремни сме за изборите
Регион
„Катимерини”: Преговори за засилено американско воено присуство во Грција

„Катимерини”: Преговори за засилено американско воено присуство во Грција

понеделник, 15 април 2019, 10:50ч.   |   Z.H.

 Атина и Вашингтон разгледуваат можности за понатамошна билатерална соработка во сферата на обраната, што би вклучувало засилено американско воено присуство во Грција, објави атинскиот весник „Катимерини”.

 
Според весникот, тоа „засилено присуство” би вклучувало распоредување на американски ракетни системи во Грција и стационирање на беспилотни летала и авиони – танкери на Военото воздухопловство на САД во базата близу Лариса.
 
Покрај ова, се разгледува можноста и за поголемено учество на американски војници во вежби на грчката армија, вклучително и зголемување на обемот на заедничките воени маневри „Иниохос”.
 
Во рамките на ваквата соработка Атина се надува и на зголемено присуство на американски воени бродови во грчките пристаништа во Егејското Море.
 
Најавата за интензивирање на грчко – американската воена соработка доаѓа во време на зголемени тензии меѓу САД и грчкиот регионален ривал Турција, поради одлуката на Анкара за набавка на руски противвоздушни ракетни системи С-400.
 
Во Конгресот на САД минатата недела беше најавено усвојување на Закон за партнерство за безбедност и енергетика во Источниот Медитеран, чија идеја е обезбедување на американска воена и дипломатска поддршка за Грција и Кипар.

© ЖУРНАЛ    ~18,6

НАЈЧИТАНИ ОД РЕГИОН
По само 5 дена заеднички живот, поранешната сопруга живи ги запалила- детали за пожарот кој го потресе регионот
Капучино 6 евра, хамбургер дури 22 - во оваа балканска земја е поскапо и од Мајорка
Опозицијата официјално го освои Истанбул, но Ердоган повлече потег со кој сака да го врати
Планирале свадба, а загинале во страшна несреќа - ова е парот од Србија кој наместо пред олтар, замина во смрт
Во полициска акција во Атина утрово упасени 90 лица
Холандскиот Парламент изгласа суспензија на визниот режим за Албанија
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.