МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Османи-Која: Упадот во ИВЗ е срамен чин и ја загрозува секуларноста на земјата
Киро Здравев избран за нов претседател на Судскиот совет
Кирацовски: сестра ми и мајката на сопругата се повлекуваат од работните места
Политичките судири во „двојка“ кај иста судијка
Свет
Последна пленарна седница на Европскиот Парламент пред изборите

Последна пленарна седница на Европскиот Парламент пред изборите

понеделник, 15 април 2019, 14:48ч.   |   Z.H.

 Во Стразбур оваа недела ќе се одржи последната пленарна седница на актуелниот состав на Европскиот Парламент пред европските парламентарните избори.

 
Агендата на пратениците ќе биде набиена за оваа последна сесија. Парламентот вечерва ќе дебатира за состојбата со владеењето на правото во Романија, откако романските власти се обидоа да ја спречат кандидатурата на антикорупционерката Лаура Ковеси за главен европски обвинител.
 
На дневен ред е предвидена дебата за истапувањето на Обединетото Кралство од ЕУ во присуство на претседателот на Европскиот Совет, Доналд Туск.
 
Во делот на редовните дебати за иднината на Европа, на кои се покануваат премиери и претседатели на земјите членки, оваа недела пратениците ќе разменат мислења со новиот премиер на Летонија, Крисјанис Каринс.
 
В среда на дневен ред е политичката криза околу миграцијата, една од најчувствителните теми во ЕУ. Европските институции не успеаја во текот на овој мандат да постигнат согласност за реформата на системот на азил во ЕУ, на која се надеваше Европската Комисија. Главна пречка се дијаметрално спротивставените ставови на земјите членки и отсуството на механизми на солидарност меѓу нив за распределба на барателите на азил. Реформата се одложува за идниот состав на ЕП.
 
Пратениците в среда ќе гласаат и за предлог-законот за отстранување на „терористички содржини” од интернет во рок од еден час. А повикани се истиот ден да гласаат и за регулативата за намалување од 30 отсто на емисиите на ЦО2 на камионите во 2030 година. Активистката Грета Тунберг која веќе неколку месеци организира протести ширум Европа за поддршка на борбата против климатските промени е поканета да зборува во Европскиот Парламент. Иако Социјалдемократите, Зелените и радикалната Левица бараа таа да се обрати на пленарната седница, Европската Народна Партија и другите политички групи го одбија барањето, таа ќе зборува пред комисијата за животна средина.
 
Освен овие теми, пратениците ќе дебатираат или гласаат за уште низа други досиеја, како индустриската политика, заштитата на потрошувачите на интернет, безбедноста на храната и рибарството. Шефицата на европската дипломатија, Федерика Могерини, ќе се обрати на утрешната пленарна седница за кризата во Либија, како и за состојбата во Зимбабве, Малави и Мозамбик.

© ЖУРНАЛ    ~18,6

НАЈЧИТАНИ ОД СВЕТ
Русија ја коментираше победата на комичарот на претседателските избори во Украина
Украински министер кажа дека ќе влезе во Москва со тенкови, Русите одговорија со иронија
Голема трагедија ја скрши Меркел
Амбасада на Русија: Велика Британија намерно провоцира со испраќање „апачи” во Естонија
Се разбудила по 27 години во кома, покрај неа бил синот кого го спасила во сообраќајката во која настрадала
Се разбудила по 27 години во кома, покрај неа бил синот кого го спасила во сообраќајката во која настрадала
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.