МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Момировски: Обвинителството и МВР да го разјаснат случајот со изборната апликација на..
Ако извисат претседателските, шефот на државата ќе се избира во Собрание или на избор..
Отсуството на судијата го одложи „Монструм“
Деркоски: Сѐ се одвива беспрекорно, спремни сме за изборите
Свет
Ќе ги исполни ли Макрон барањата на „жолтите елеци“?

Ќе ги исполни ли Макрон барањата на „жолтите елеци“?

понеделник, 15 април 2019, 11:47ч.   |   Z.H.

 Францускиот претседател Емануел Макрон денеска треба да ги објави првите мерки кои планира да ги преземе по националниот консултативен процес што го започна како одговор на движењето на „Жолтите елеци“.

 
Кабинетот на Макрон соопшти дека тој ќе и се обрати на нацијата во 20 часот по локално време. Центристичкиот претседател, кој сака да ги придобие медиумите, утре во Елисејската палата ќе одржи и прес-конференција за домашни прашања, што е реткост. Тој на оваа прес конференција, која ја одржува првпат од почетокот на неговиот петгодишен мандат во 2017 година, детално ќе ги објасни мерките кои вечерва ќе ги објави.
 
„Големата национална дебата“, која траеше од јануари до март, вклучуваше повеќе од 10.000 локални состаноци, како и 16.337 „книги за поплаки“ во градските собранија низ целата земја.
 
Повеќе од 500.000 луѓе дале предлози за политика и на Интернет страница креирана за оваа цел.
 
Премиерот Едуард Филип, како одговор на дебатата, вети намалување на даноците и јавните трошоци, но левичарската опозиција го обвини за партиска интерпретација на резултатите.
 
Движењето „жолти елеци“ првично беше против планираното зголемување на данокот на гориво, но покрена пошироки барања за пониски даноци, повисоки плати и подиректна демократија. Протестите секоја сабота ги одбележаа судири со полицијата во Париз и во други градови, а бројката на луѓето кои протестираат, според владини проценки, постепено падна од од 280.000 колку што учествуваа на првите протести во ноември, до 31.000 за време на викендот. 

© ЖУРНАЛ    ~21,7

НАЈЧИТАНИ ОД СВЕТ
Украински министер кажа дека ќе влезе во Москва со тенкови, Русите одговорија со иронија
Голема трагедија ја скрши Меркел
Амбасада на Русија: Велика Британија намерно провоцира со испраќање „апачи” во Естонија
Богаташите од оваа земја нарачуваат пица од Лондон која им ја носат со авион
Една од најбогатите Русинки загина во авионска несреќа
Внуката на Садам Хусеин напиша книга за нејзиното семејство
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.