МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Момировски: Обвинителството и МВР да го разјаснат случајот со изборната апликација на..
Ако извисат претседателските, шефот на државата ќе се избира во Собрание или на избор..
Отсуството на судијата го одложи „Монструм“
Деркоски: Сѐ се одвива беспрекорно, спремни сме за изборите
Македонија
Пендаровски: Нa ВМРО-ДПМНЕ почесен претседател сѐ уште е Груевски, Сиљановска: Моите студенти ја реформираа партијата

Пендаровски: Нa ВМРО-ДПМНЕ почесен претседател сѐ уште е Груевски, Сиљановска: Моите студенти ја реформираа партијата

недела, 14 април 2019, 21:59ч.   |   B.M.

Не верувам дека ВМРО-ДПМНЕ е реформирана кога сѐ уште нејзин почесен претседател е Никола Груевски, ѝ рече кандидатот за претседател Стево Пендаровски на Гордана Сиљановска – Давкова во денешната дебата за Детектор на ТВ Сител.

„Ме чуди околу реформскиот капацитет, што велите, на сегашното ВМРО-ДПМНЕ, кое се уште го има за почесен претседател Никола Груевски“, забележа Пендаровски откако претходно неговата противкандидатка Сиљановска истакна дека верува во новото раководство на опозициската партија.

„Верувам дека моите поранешни студенти, реформатори на ВМРО-ДПМНЕ, ги научиле лекциите од минатото и дека поинаку ќе се однесуваат“, подвлече Сиљановска, одговорајќи на прашањето дали ако евентуално биде претседател на државата ќе ги спроведува политиките на партијата што ја поддржа нејзината кандидатура.

Таа рече дека ги критикувала политиките и на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ, од стручен и научен аспект и дека од тоа нема да се откаже.

„Ова водство на ВМРО-ДПМНЕ со тоа што отвори врата за мене, покажува реформски и демократски капацитети. Во разговорите дали да прифатам да бидам нивен кандидат, поставив услови – само ако сте подготвени да почнете со реформи од типот дека не ни треба влада со 26 министри, заменици, советници, дека ќе ги пренасочите парите на граѓaните, тогаш ќе прифатам. Ќе се себередуцирам и во привилегиите зашто тоа е вистински претседателски чекор. Тоа треба да биде политика на промени“, потенцира Сиљановска.

Пендаровски, пак, на истото прашање одговори дека како кандидат за претседател добил поддршка од 31 партија, но тоа никако не значи дека ако стане шеф на државата, ќе ги прашува што и како треба да работи.

„Физички ќе биде невозможно да ја прашувам секоја од партиите што ме поддржуваат што да правам. Со тоа секако немам намера да се занимавам. Ќе се држам до мојот човечки и политички интегритет што го градам со години. Сепак, им благодарам на сите за поддршката, напомена Пендаровски и потсети дека досега не бил член, ниту некогаш слугувал на некоја партија.

© ЖУРНАЛ    ~165,55

НАЈЧИТАНИ ОД МАКЕДОНИЈА
Михаил Трендафилов-Нанче: Преродбата почнува од Охрид, тоа не е случајно. Ќе работиме домаќински и чесно за да изгрее новото сонце на слободата!
Вајгл: Има една незгодна работа за Македонија, а тоа е дека за неа се зборува во пакет со Албанија
Галетановски: Не сум ја навредувал Сиљановска лично, не е моја вина што секој ден има нов гаф
Мајката и двете ќерки целосно изгореле, телото на таткото било изгорено до половина
Ќе се менуваат законите за вработените во јавниот сектор и административните службеници
Јахја Кемал: Секоја година пред уписите се шират невистини за нас
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.