МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Катругалос: ЕУ да ја цени и политичката волја на Северна Македонија покажана со Догов..
Анализа: Преку 80 отсто од граѓаните сакаат да одат по шалтери, наместо електронски д..
Со Преспанскиот до НАТО, со Северна до нови поделби
Дескоска: Барањето за екстрадиција на Груевски за 27 април деновиве ќе биде пратено д..
Македонија
Река: Немаме друга опција, освен ЕУ и НАТО

Река: Немаме друга опција, освен ЕУ и НАТО

недела, 14 април 2019, 19:58ч.   |   B.M.

Претседателскиот кандидат Блерим Река вечерва, од митингот во тетовско Желино, порача дека на 21 април ќе се случи голема промена со политичкото минато.

Тој укажа дека со неговиот нов концепт ќе ги корегира досегашните политики на власта.

„За да биде држава, треба да има владеење на правото. Немаме друга опција, освен ЕУ и НАТО, а корупцијата и невработеноста мора да запрат. Треба да се знае и дека ние не сме статистички народ, туку ние сме Албанци“, рече Река.

Претседателот на Алијансата на Албанците Зијадин Села упати критики до СДСМ и ДУИ зашто, според него, Албанците во оваа коалиција не се добро претставени.

„Имаме должност да ја тргнеме вашата маска и тоа што 18 години манипулирате со Албанците. Ние никогаш нема да поддржиме некој кој не е како нас и не е Албанец“, нагласи Села.

Пред жителите на Желино зборуваше и претседателот на БЕСА, Билал Касами. Рече дека ДУИ не треба да прават ваков консензус зашто „кога правиш нешто, прво зборуваш со браќата, а не со соседите“.

„Пендаровски знае дека нема да го има чистиот глас на Албанците. ДУИ во 2014 година не го поддржа зашто беше опозиција, а сега му дава поддршка зашто е дел од власта“, истакна Касами.

На митингот се обрати и градоначалникот на Желино, Блерим Сејдиу.
 

© ЖУРНАЛ    ~24,8

НАЈЧИТАНИ ОД МАКЕДОНИЈА
Заев утре ќе им даде отказ на петмина министри?
Расипан телефон: Еролд или Хисен, Муслиу или Мемети?
СДСМ врати шест општини што ги изгуби во првиот круг
Идните членки на ЕУ губат трпение - Србија чека 10 години, Црна Гора 11 години, Македонија 14 години...
Директорката на Хематологија доби кривична пријава од Антикорупциска комисија, не поднела анкетен лист
Директорката на Детската клиника поднесе оставка
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.