МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Момировски: Обвинителството и МВР да го разјаснат случајот со изборната апликација на..
Ако извисат претседателските, шефот на државата ќе се избира во Собрание или на избор..
Отсуството на судијата го одложи „Монструм“
Деркоски: Сѐ се одвива беспрекорно, спремни сме за изборите
Македонија
Нанче од Велгошти: Освен традиционалниот, да се развива и верски, рурален и авантуристички туризам

Нанче од Велгошти: Освен традиционалниот, да се развива и верски, рурален и авантуристички туризам

недела, 14 април 2019, 21:28ч.   |   B.M.

Кандидатот за градоначалник на Општина Охрид од редовите на ГДУ, Михаил Трендафилов-Нанче, заедно со претседателот на партијата, Петар Колев, и членови на Граѓанско Демократската Унија, денеска го посетија манастирот Св. Петка во Велгошти.

Нанче се сретна со голем број локални жители и разговараше со нив за основните проблеми со кои што се соочуваат.

Во разговорите Трендафилов истакна дека еден од основните негови приоритети е Општината да заживее, и освен традиционалниот, да се развива и верски, рурален и авантуристички туризам.Трендафилов ги праша мештаните колку од предизборните ветувања на претходните градоначалници на Охрид за развојот на Велгошти се исполнети. Локалните луѓе изјавија дека како и секогаш тие што дошле до градоначалничката фотелја ветувале многу, но речиси ништо не исполниле.

Велгошти исто како и сите останати населени места во охридско е под ударите на „белата чума“.

Претседателот на ГДУ,  Петар Колев ,се заблагодари за гостопримството на велгоштани и потсети дека време е  за промена, а не за замена. Во разговорите ја побара нивната поддршка на 21 април масовно да го заокружат бројот 4 за Михаил Трендафилов- Нанче.

© ЖУРНАЛ    ~63,21

НАЈЧИТАНИ ОД МАКЕДОНИЈА
Михаил Трендафилов-Нанче: Преродбата почнува од Охрид, тоа не е случајно. Ќе работиме домаќински и чесно за да изгрее новото сонце на слободата!
Вајгл: Има една незгодна работа за Македонија, а тоа е дека за неа се зборува во пакет со Албанија
Галетановски: Не сум ја навредувал Сиљановска лично, не е моја вина што секој ден има нов гаф
Мајката и двете ќерки целосно изгореле, телото на таткото било изгорено до половина
Ќе се менуваат законите за вработените во јавниот сектор и административните службеници
Јахја Кемал: Секоја година пред уписите се шират невистини за нас
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.