МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Катругалос: ЕУ да ја цени и политичката волја на Северна Македонија покажана со Догов..
Анализа: Преку 80 отсто од граѓаните сакаат да одат по шалтери, наместо електронски д..
Со Преспанскиот до НАТО, со Северна до нови поделби
Дескоска: Барањето за екстрадиција на Груевски за 27 април деновиве ќе биде пратено д..
Култура
Вечерва летонска пијанистка ќе одржи концерт на Деновите на македонската музика

Вечерва летонска пијанистка ќе одржи концерт на Деновите на македонската музика

сабота, 13 април 2019, 11:36ч.   |   L.E.

На 42. Денови на македонска музичка вечер од 20 часот во Музејот на македонската борба концерт ќе одржи летонската пијанистка Лаума Скриде, која ќе изведе дела од композиторите Мехмет Џан Озер, Петерис Васкс, Петар Јованов, Сорен Нилс Ајхберг, Софија Губајдулина, како и од македонските автори Борис Светиев, Гоце Коларовски и Ана Пандевска.

Лаума Скриде (Рига, 1982) потекнува од  музичко семејство. Почнала да свири пијано на петгодишна возраст,  се школувала во родниот град и на  Универзитетот за музика и театар во Хамбург, Германија. Од 11-годишна возраст учествува на голем број  меѓународни натпревари, меѓу кои и натпреварот „Марија Канал“ во Шпанија и Меѓународниот натпревар по пијано во Кливленд, САД, на кои освоила и неколку награди.

Во 2007 година Скриде ја добила наградата „ECHO Classic Award“ за млад уметник за изведба на клавирскиот циклус „Das Jahr for Sony“ од Фани Хенсел. Во 2008 година  ѝ е доделена наградата „Бетовенов прстен“ за нејзините интерпретации на германскиот класичен и романтичен репертоар. Таа година Скриде  го основала и „Скриде квартет“ (Skride Quartet) заедно со сестра ѝ Баиба, и со Хариет Кријг и Лиз Берто. Оттогаш квартетот е постојано на турнеи по главните европски сали и фестивали.

© ЖУРНАЛ    ~21,7

НАЈЧИТАНИ ОД КУЛТУРА
Маја Вукичевиќ се омажи, љубоморниот сопруг ја натера да го избрише минатото
Се огласи таткото на Меган Маркл после раѓањето на внукот и сите ги изненади со пораката која ѝ ја испратил на својата ќерка
Сара Мејс денеска го покажа своето “Копито”
„Дупер“ ја избркаа тапанарката, па промовираа нова песна
Отворен павилјонот на Северна Македонија на годинашното Биенале во Венеција
Изведба на четири монодрами пред утрешното завршување на „Битола 2019“
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.