МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Момировски: Обвинителството и МВР да го разјаснат случајот со изборната апликација на..
Ако извисат претседателските, шефот на државата ќе се избира во Собрание или на избор..
Отсуството на судијата го одложи „Монструм“
Деркоски: Сѐ се одвива беспрекорно, спремни сме за изборите
Македонија
Судењето за „Траекторија“ продолжи со материјални докази

Судењето за „Траекторија“ продолжи со материјални докази

петок, 12 април 2019, 14:31ч.   |   Xh.I.

Со презентација на материјални докази на Специјалното јавно обвинителство во Кривичниот суд денеска продолжи судењето за предметот „Траекторија" во кој се обвинети поранешниот премиер Никола Груевски, ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски и ексдиректорот на ЈП Државни патишта, Љупчо Георгиевски.

Обвинителката Лиле Стефанова читаше стенограми од собраниската Комисија за транспорт и врски. Во еден од нив, тогашниот пратеник Јани Макрадули на пратениците им посочува дека сумата за изградба на автопатиштата е многу висока во однос на исти такви патишта кои се граделе во соседните земји. На ова реагирале Јанакиески и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, кои истакнале дека банкарската камата на соседите била 2,5 проценти, додека, пак, за нас таа изнесувала 2 отсто.

Пратениците од тогашното мнозинство реплицирале и во однос на сумите за изградбата на патиштата, при што посочиле на различната конфигурација на теренот како оправдување на „високата цена".

Според обвинението на СЈО, обвинетите во втората половина на 2012 година и во текот на 2013 година презеле повеќе дејства со кои во постапката за избор на компанија за изградба на автопатиштата Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид ги искористиле и пречекориле своите овластувања. Со тоа му нанеле штета на Буџетот од најмалку 155 милиони евра.

© ЖУРНАЛ    ~27,9

НАЈЧИТАНИ ОД МАКЕДОНИЈА
Михаил Трендафилов-Нанче: Преродбата почнува од Охрид, тоа не е случајно. Ќе работиме домаќински и чесно за да изгрее новото сонце на слободата!
Вајгл: Има една незгодна работа за Македонија, а тоа е дека за неа се зборува во пакет со Албанија
Галетановски: Не сум ја навредувал Сиљановска лично, не е моја вина што секој ден има нов гаф
Мајката и двете ќерки целосно изгореле, телото на таткото било изгорено до половина
Ќе се менуваат законите за вработените во јавниот сектор и административните службеници
Јахја Кемал: Секоја година пред уписите се шират невистини за нас
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.