МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Момировски: Обвинителството и МВР да го разјаснат случајот со изборната апликација на..
Ако извисат претседателските, шефот на државата ќе се избира во Собрание или на избор..
Отсуството на судијата го одложи „Монструм“
Деркоски: Сѐ се одвива беспрекорно, спремни сме за изборите
Македонија
ДИК: Навреме поднесeни првите финансиски извештаи за изборната кампања

ДИК: Навреме поднесeни првите финансиски извештаи за изборната кампања

петок, 12 април 2019, 14:30ч.   |   Xh.I.

Претседателот на Државната изборна комисија Оливер Дерковски вели дека организаторите на изборните кампањи за претседателските и за предвремените локални избори во три општини навреме го доставиле финансиските извештаи до комисијата. Извештаите, посочува, ќе бидат јавни односно објавени на веб страницата на ДИК, а во нив ќе има детални извештаи за првиот дел од кампањата.

-Кандидатите навремено си ги доставија финансиските извештаи. Законските рокови се запазени, а немаше техничка можност тие да бидат објавени на веб-страницата на ДИК поради технички пречки, рече Дерковски одговарајќи на новинарско прашање по седницата на ДИК.

Тој појаснува дека некои од нив биле испратени по пошта, а некои преку архива, но и во двата случаја, како што рече, биле запазени законските рокови.

Дерковски информира дека се пристигнати и извештаите од податоците на радиодифузерите за емитуваното платено политичко рекламирање во првата недела од кампањата за избор на претседател и за градоначалници на Ново Село, Охрид и Дебар. Во ДИК изготвуваат налог кој потоа се доставува до Министерството за финансии од каде треба да се изврши исплата на радиодифузерите. Потенцира дека средства за оваа намена се обезбедени и оти не би требало да има проблеми во таа насока.

Учесниците во изборната кампања, на 11-тиот ден од кампањата требаше да поднесат финансиски извештај со спецификација на трошоците на жиро-сметката за изборна кампања од денот на нејзиното отворање до крајот на десеттиот ден од изборната кампања.

Ова е првиот извештај што учесниците во изборната кампања треба да го поднесат до ДИК, ДЗР и ДКСК. За вториот круг од изборите извештаи треба да поднесат најдоцна до 24 часот на 4 мај, а најдоцна до 20 април доколку не учествуваат во вториот круг од изборите.

Според Изборниот законик, пред исплата на трошоците за емитуваното ППР од страна на ДИК, Агенцијата е должна да достави извештај за вкупното времетраење на ова рекламирање што било емитувано кај секој радиодифузер, првпат на 10-от ден од изборната кампања, а вторпат на 7-от ден по завршување на кампањата. Оттаму, во согласност со Упатството што Советот на Агенцијата го усвои на 29 март 2019 година, радиодифузерите имаат обврска да достават податоци во Агенцијата за емитуваното платено политичко рекламирање.

Според роковникот на ДИК, вториот извештај АВМУ треба да го достави до Комисијата на 26 април, за првиот круг на изборите, и на 10 мај за евентуалниот втор круг.

ДИК треба да ги исплати трошоците за објавеното платено политичко рекламирање на 12-тиот ден од почетокот на изборната кампања и 10 дена по завршувањето на изборната кампања.

© ЖУРНАЛ    ~27,9

НАЈЧИТАНИ ОД МАКЕДОНИЈА
Михаил Трендафилов-Нанче: Преродбата почнува од Охрид, тоа не е случајно. Ќе работиме домаќински и чесно за да изгрее новото сонце на слободата!
Вајгл: Има една незгодна работа за Македонија, а тоа е дека за неа се зборува во пакет со Албанија
Галетановски: Не сум ја навредувал Сиљановска лично, не е моја вина што секој ден има нов гаф
Мајката и двете ќерки целосно изгореле, телото на таткото било изгорено до половина
Ќе се менуваат законите за вработените во јавниот сектор и административните службеници
Јахја Кемал: Секоја година пред уписите се шират невистини за нас
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.