МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Момировски: Обвинителството и МВР да го разјаснат случајот со изборната апликација на..
Ако извисат претседателските, шефот на државата ќе се избира во Собрание или на избор..
Отсуството на судијата го одложи „Монструм“
Деркоски: Сѐ се одвива беспрекорно, спремни сме за изборите
Економија
Евидентирани 190 илјади невработени, 70% не се појавуваат на интервју, а 30% ја одбиваат работата по интервјуто, вели АВРМ

Евидентирани 190 илјади невработени, 70% не се појавуваат на интервју, а 30% ја одбиваат работата по интервјуто, вели АВРМ

петок, 12 април 2019, 14:27ч.   |   L.E.

„Условно се соочуваме со проблем кога еден работодавач бара работна сила. Има ситуации кога од поканетите невработени, 70% не доаѓаат на интервју бидејќи тоа не е задолжително. Од 30% кои ќе дојдат на интервју, половина од нив одат на интервју кај работодавачот, но најчесто ја одбиваат понудата за работа. Причините за тоа се најразлични, односно не им одговара местото, платата, смената….“, истакна денеска на прес-конференција директорката на Агенцијата за вработување Билјана Јовановска.

Таа посочува дека има и ситуации во кои одредено работно место фигурира како слободно, а работодавачот преку оглас веќе го пронашол лицето кое ќе го вработи, така што кога ќе се јават невработените лица за тоа работно место, работодавачот ги известува дека тоа е веќе пополнето. Ова, според Јовановска, создава недоверба меѓу сите чинители на пазарот на труд.

„Во принцип имаме објавено работно место, а работодавачот веќе го има пронајдено лицето кое ќе го вработи, така што невработените лица кога ќе се јават на огласот работодавачот им вели дека веќе е направен избор и невработеното лице веќе ја губи довербата во нашата институција. Работиме на тој проблем и сакаме да дојдеме до една вистинска слика за реални слободни работни места за да почне да се создава доверба меѓу сите чинители. Но, и сите треба да бидеме искрени, односно невработените лица да бидат искрени дали навистина сакаат Агенцијата да посредува за нивно вработување, потоа дали работодавачите навистина имаат потреба од работна сила, а и ние како институција да ги зајакнеме капацитетите да се посветиме максимално на посредувањето“, вели Јовановска.

Што се однесува до Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување за 2019 година за негова реализација планиран е буџет од 1,1 милијарда денари, а планирано е да бидат опфатени најмалку 8.500 лица. Успешна реализација од 95%, според Јовановска, имал и Оперативниот план за 2018 година со кој биле опфатени околу 6.500 лица од кои 53% беа млади лица до 29 години.

 

© ЖУРНАЛ    ~57,19

НАЈЧИТАНИ ОД ЕКОНОМИЈА
Регулаторна одлучи: Големо поскапување на бензинот и дизелот
Велигден ги поскапе земјоделските производи, а се намалува цената на јагнешкото
РКЕ: Либерализацијата на пазарот во овој момент ќе значи зголемување на цените на нафтата
Евидентирани 190 илјади невработени, 70% не се појавуваат на интервју, а 30% ја одбиваат работата по интервјуто, вели АВРМ
Потпишани првите договори за закуп на државно земјоделско земјиште над три хектари
Трошоците на живот во февруари на исто ниво како јануари
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.