МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Катругалос: ЕУ да ја цени и политичката волја на Северна Македонија покажана со Догов..
Анализа: Преку 80 отсто од граѓаните сакаат да одат по шалтери, наместо електронски д..
Со Преспанскиот до НАТО, со Северна до нови поделби
Дескоска: Барањето за екстрадиција на Груевски за 27 април деновиве ќе биде пратено д..
Македонија
Манчевски: Загрижени сме дали државата има доволен капацитетот за преговори со ЕУ

Манчевски: Загрижени сме дали државата има доволен капацитетот за преговори со ЕУ

петок, 12 април 2019, 11:59ч.   |   Xh.I.

Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, апелира до сите чинители во или надвор од јавната администрација да се вклучат во претстојниот преговарачки процес со ЕУ и вели дека Владата е загрижена дали државата има доволен капацитет за овој потфат.

Најдоцна до средината на мај, како што изјавил Манчевски за МИА во Брисел, Владата треба да објави нов предлог за преговарачката структура кој предвидува ангажман на „високо квалификувани експерти“ што се надвор од институциите.

„Испраќам апел до сите граѓани, експерти, луѓе кои работат во невладин сектор, во приватни компании, да размислат да се вклучат во овој процес. Ни требаат сите можни ресурси, ние ги немаме многу“, вели Манчевски и додава дека иако засега нема проблеми во однос на подготвителниот скрининг, Владата е „сериозно загрижена“ за следните покрупни фази од преговарачкиот процес.

На прашањето зошто Владата се фокусира на барање експерти од надвор кога, според експертите, нив ги има во администрацијата, Манчевски вели дека не знае од каде се тие информации, но дека апелот е насочен кон сите чинители, во и вон државните структури.

„Кога зборувам за мотивација на луѓе да се нафатат за оваа работа, не е само за луѓе од надвор, кога зборуваме за преговарачка структура, зборуваме за еден пакет од луѓе од внатре прво, но зборуваме дека ќе треба и дополнителен капацитет, може и од некоја друга институција да дојде“, изјави тој.

Манчевски додава дека „она што е исто така проблем, а јавноста не е многу свесна е дека иако бројот на вработени во јавниот сектор е прилично голем, вистинската јавна администрација, а тоа се 128 институции на централната власт, таму има вкупно вработени едвај 16 илјади луѓе“. Од нив, во министерствата, каде што е главниот товар на преговори, скрининг, реформи, итн., се едвај над четири илјади, па апелира до тие што се разотишле од која било причина да размислат да се вратат откако ќе добијат конкретна концептна понуда која што е планирана за средината на мај.

Што се однесува до неговата одговорност во добивање на датум за преговори, односно реформа на јавната администрација, Манчевски верува дека новиот закон за висока раководна служба ќе направи квалитативна разлика во департизацијата на јавната администрација. Овој закон предвидува процесот на избор за раководните функции да се врши по модел сличен на оној со антикорупциската комисија.

За овој предлог ќе има уште најмалку една дебата, во која е важно да се вклучат парламентарните партии. Комисијата за избор на висока раководна служба ќе ја бира Собранието, ќе поставува „високи критериуми“ за кандидатите раководители и ќе ги формира одборите за избор на директори, одбор со разновиден и променлив експертски состав, чија улога ќе биде да ги проценува кандидатите за директори и на политичарот кој треба да бира раководител да му достават список на тројца најдобри кандидати меѓу кои тој ќе мора да избере еден.

„Од раководителите почнува сѐ, не може да партизира тој што е на најниско ниво. Менаџерите треба да бидат отпорни. Јас да отидам некому да му речам ова треба да го направиш, тој треба да ми рече не. И затоа треба да ги најдеме вистинските луѓе, тоа ќе биде најдобриот одбранбен механизам, луѓе со огромен пред сѐ личен интегритет, како што имаме позитивен пример со антикорупциска“, вели Манчевски.

Добрата вест од посетата на Манчевски на Брисел е потврдата од ЕУ дека со потпишувањето на договорите за укинување на цените на роамингот во регионот, се отвора патот за нивно укинување и со сите земји на ЕУ, до крајот на 2021 година.

За потсетување, шесте земји од регионот потпишаа договор за постепено намалување на цените на роамингот од ова лето сѐ до нивно целосно укинување на први јули 2021. Паралелно со тоа, Македонија има билатерален договор со Грција по ист модел, намалувањето на цените би требало, според министерот, да биде и позначајно со Грција, а се работи на сличен договор со Бугарија.

„Очекувањата за укинувањето на цените на роамингот со ЕУ се да биде во текот на 2021 година. Договорот беше предуслов, сега влегуваме во директни преговори со ЕК,  но имаме сигнали дека се спремни на слична динамика, со оглед на тоа што операторите што пружаат услуги на Западен Балкан се реално оператори од земји на ЕУ, а тие се веќе прилагодени, така што нема да оди тешко таа процедура“, рече Манчевски.

МИА
 

© ЖУРНАЛ    ~57,19

НАЈЧИТАНИ ОД МАКЕДОНИЈА
Заев утре ќе им даде отказ на петмина министри?
Расипан телефон: Еролд или Хисен, Муслиу или Мемети?
СДСМ врати шест општини што ги изгуби во првиот круг
Идните членки на ЕУ губат трпение - Србија чека 10 години, Црна Гора 11 години, Македонија 14 години...
Директорката на Хематологија доби кривична пријава од Антикорупциска комисија, не поднела анкетен лист
Директорката на Детската клиника поднесе оставка
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.