МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Директорката на Детската клиника поднесе оставка
Џанков: Договорот од Преспа отвора перспективи за целиот регион
Жбогар очекува отворање на преговорите со ЕУ
Стоилковски: Владата нема никакви инвестиции во инфраструктурата
Спорт
Де Лихт воодушевен од потегот на Роналдо: Ни докажа дека е фудбалски предатор

Де Лихт воодушевен од потегот на Роналдо: Ни докажа дека е фудбалски предатор

четврток, 11 април 2019, 09:22ч.   |   Xh.I.

Ајакс одигра исклучително добро второ полувреме на „Јохан Кројф арената“ и буквално го притисна Јувентус во својата половина, но на крајот тоа беше доволно да се избори само за реми исход кој секако му дава минимална предност на италијанскиот првак пред реванш дуелот.

Младиот тим на Ајакс уште еднаш покажа дека може да биде многу незгоден и го стави на сериозен испит тимот на Масимилијано Алегри, а повеќе од веројатно ќе стигнеше и до победа на овој прв меч ако во противничкиот табор го немаше Кристијано Роналдо. Португалецот уште еднаш демонстрираше колку може да биде клучен на важен натпревар во Лигата на шампионите, бидејќи на најдобар можен начин го „намириса“ празниот простор кој му го оставија дефанзивците на Ајакс пред самиот финиш на првиот дел.

Талентираниот Де Лихт и соиграчите во најголем дел од мечот фантастично го неутрализираа Роналдо, но сепак едно невнимание беше доволно за да бидат сурова казнети од искусната гол машина.

– Атмосферата беше навистина жешка на нашиот стадион и на стартот имавме неколку шанси. Вистинска штета е што примивме гол пред крајот на првиот дел, но Роналдо уште еднаш ни го покажа својот најголем квалитет. Наспроти талентот, тој уште еднаш ни докажа дека е предатор во шеснаесетникот. Ја виде својата шанса, заспринта неверојатно брзо меѓу двајца играчи и ни даде гол. Добро е што се вративме во вториот дел, докажавме дека не е среќа тоа што играме во четвртфиналето. Ќе биде многу тешко на вториот меч во Торино, но немаме што да загубиме, – порача капитенот на Ајакс.

© ЖУРНАЛ    ~184,62

НАЈЧИТАНИ ОД СПОРТ
Изјава која сите ја чекавме: Како Суарез ја опиша одбраната на Барселона при четвртиот погодок?
Перез подготвил изненадување: Реал го нуди Модриќ за ѕвезда од Серија А!?
Де Лихт воодушевен од потегот на Роналдо: Ни докажа дека е фудбалски предатор
Александер Арнолд го објасни лудиот гол од корнер
Ракитиќ и Кутињо го напуштаат „Камп Ноу“ поради двајца фудбалери
Изненадувачка изјава по поразот од Барса: Солскјер процени колку летни засилувања му се потребни на Јунајтед
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.