МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Османи-Која: Упадот во ИВЗ е срамен чин и ја загрозува секуларноста на земјата
Киро Здравев избран за нов претседател на Судскиот совет
Кирацовски: сестра ми и мајката на сопругата се повлекуваат од работните места
Политичките судири во „двојка“ кај иста судијка
Технологија
Oppo Reno е нов смартфон од компанијата со интересно решение за предната камера

Oppo Reno е нов смартфон од компанијата со интересно решение за предната камера

четврток, 11 април 2019, 14:29ч.   |   L.E.

Додека технологија за екраните напредне уште малку, па камерата и сензорите да можат да се „скријат“ зад екранот, ќе продолжиме да гледаме креативни решенија.

Првото и најпопуларно решение, „благодарение“ на Apple, беше исечокот на горната страна од екранот, а можевме да ги видиме и дупката за камера, движечки механизам за камерата, „лизгачки“ уред за да се прикаже камерата и слично.

Oppo веќе има уред со лизгачки механизам за прикажување на камерата, а вчера можевме да го видиме и Samsung Galaxy A80 со одлично решение кое преку лизгачки систем ја прикажува задната камера, која се врти за да се слика селфи фотографија.

Oppo Reno, повторно е интересно и нестандардно решение за времето кога се претставува. Камерата и сензорите се поставени во самиот уред, меѓутоа делот којшто излегува надвор овојпат е во форма на клин.

Тоа значи дека камерата излегува од дел кој изгледа дека се подига само од едната страна, додека другата останува внатре.

Оваа камера има сензор со 16 мегапиксели, а од Oppo истакнуваат дека механизмот за прикажување на камерата се отвора за 0,8 секунди, а е тестиран и има издржано 200.000 отворања и затворања. Системот има и сензор којшто автоматски ја затвора камерата доколку уредот падне.

Инаку, Oppo Reno доаѓа во две варијанти. Едната е од високата класа и работи на Snapdragon 855, 6,6 инчен AMOLED екран со резолуција од 2340×1080 пиксели, 4.065 mAh батерија и три камери на задната страна со 8, 13 и 48 мегапиксели.

Втората варијанта е од средно високата класа и работи на Snapdragon 710, има 6,4 инчен AMOLED екран со иста резолуција, помала батерија и две камери на задната страна со 48 и 5 мегапиксели.

Двата модели ќе може да се изберат со 6 и 8 GB RAM, како и 128 и 256 GB простор за податоци.

© ЖУРНАЛ    ~36,12

НАЈЧИТАНИ ОД ТЕХНОЛОГИЈА
Како да откриете кој ве пребарува на интернет?
Фејсбук Месинџер ќе се враќа во главната апликација
Плејстејшн 5 ќе биде нешто досега невидено!
Вибер воведе нова услуга: Многу е корисна, но не е бесплатна
iPhone XE е компактниот Apple модел кој фановите долго го очекуваа!
Доминација на кинеските компании: Ова се најбрзите паметни телефони во светот
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.