МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Момировски: Обвинителството и МВР да го разјаснат случајот со изборната апликација на..
Ако извисат претседателските, шефот на државата ќе се избира во Собрание или на избор..
Отсуството на судијата го одложи „Монструм“
Деркоски: Сѐ се одвива беспрекорно, спремни сме за изборите
Xроника
Прегазен пешак во Ново Лисиче, загина на самото место

Прегазен пешак во Ново Лисиче, загина на самото место

среда, 10 април 2019, 10:27ч.   |   L.E.

Скопје, 10 април- Ноќеска загина пешак во сообраќајна несреќа во Скопје. Според првичните сознанија, несреќата се случила кога 57-годишен пешак излегол на булеварот „Видое Смилевски – Бато“ во Ново Лисиче надвор од обележан пешачки премин, а на него налетало возило ,,шкода октавиа“. Од силината на ударот, пешакот починал на лице место.

Дежурен јавен обвинител заедно со увидни екипи на МВР и претставници на Институтот за судска медицина, криминалистика и медицинска деонтологија, изврши увид на местото каде во сообраќајната несреќа пешакот го загубил животот.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатото лице е предадено на обдукција, а ќе се испитува и присуство на алкохол во крвта и урината на возачот на автомобилот. Од Министерството за внатрешни работи е побарано да изврши проверка на снимките од видео надзорот на околните објекти и на системот „Безбеден град“ со цел да се утврди дали камерите го регистрирале настанот.

© ЖУРНАЛ    ~253,85

НАЈЧИТАНИ ОД XРОНИКА
Синот на Илчо Захариев пронајден мртов
НЛБ Банка се огласи по вооружениот грабеж, средствата на нашите клиенти се сигурни
Починато лице пронајдено во објект во Бутел
Актерката Билјана Белицанец најдена мртва
Прегазен пешак во Ново Лисиче, загина на самото место
Скопјанец ја силувал 13-годишната ќерка, девојчето само пријавило во полиција
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.