МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Град Скопје: Соработката со фирмата на партнерот на Царовска е законска
Претседателот ги потпиша указите за 21 закон
Трипуновски: Мојот отказ е политички реваншизам
Русковска: Ги добивме документите од Албанија за Груевски, но не откриваат ништо ново
Здравје
Еве што ќе се случува во вашиот организам ако секој ден јадете ѓумбир!

Еве што ќе се случува во вашиот организам ако секој ден јадете ѓумбир!

сабота, 09 март 2019, 09:00ч.   |   L.E.

 Покрај сите наведени здравствени придобивки, тешко е да се најде причина да НЕ јадете ѓумбир секој ден

Ако веќе се навлекувате на некој зачин, нека биде тоа ѓумбирот. Секако дека постојат многу одлични зачини што пружаат значајни здравствени придобивки, но тешко е да се надмине ѓумбирот.

За разлика од другите популарни дневни суплементи, ѓумбирот исто така има и одличен вкус. Причината зошто ѓумбирот е толку добар за вас е соединението наречено џинџерол.

Оваа супстанција е противвоспалителна, што значи дека може да ги ублажи болката и отоците. Исто така е и антиоксидант, кој ги неутрализира слободните радикали во телото. Ова може да го намали ризикот од рак.

Ги отстранува киселините
Киселините се јавуваат поради одреден оброк што сте го изеле, или едноставно поради вашата специфична анатомија. Некои луѓе се посебно склони на тоа. Во секој случај, тоа е болно и ги попречува секојдневните активности. Ѓумбирот е толку добар во намалувањето на киселините што неговите активни супстанци се користат во лековите против рефлукс киселини.

Ги намалува воспалителните процеси во телото
Воспалението е одбранбен механизам што е корисен кога повредениот или заразениот дел од телото мора да се изолира за да се ограничи оштетувањето на други места.

Меѓутоа, воспалителниот процес не знае да препознае кога воспалението е добро, а кога само боли. Па така, луѓето со хронични воспалителни состојби, како што е артритисот можат да почувствуваат олеснување ако јадат ѓумбир.

Го намалува ризикот од рак
Ѓумбирот интензивно се проучува поради неговото дејство на клетките на канцерот. Истражувањата покажале дека ѓумбирот ги убива клетките на канцер на јајчниците побрзо и побезбедно од хемотераписките лекови.

Исто така, потврдено е дека ѓумбирот го спречува воспалението на дебелото црево, што е фактор за ризик од рак на тие делови од телото.

Ја намалува и отстранува главоболката
Антивоспалителните својства на ѓумбирот се исто така корисни во лекувањето на состојбите на кои луѓето најчесто се жалат: главоболките. Многу лекови против главоболка, кои се издаваат без рецепт, се всушност антивоспалителни, а не вистински лекови против болки.

Ѓумбирот е природен начин на постигнување на истата цел, но без несакани ефекти од хемиските формулации. Всушност, истражувањата покажуваат дека секојдневната консумација на ѓумбир има потенцијал да ги спречи сите видови главоболка, дури и мигрената.

Губење тежина
Познато е дека ѓумбирот го забрзува метаболизмот, што е важно, затоа што интензивните диети честопати го забавуваат. Кога вашиот метаболизам се забавува, најверојатно ќе ја вратите сета тежина што сте ја изгубиле кога ќе прекинете со диетата. Дневната доза ѓумбир може да помогне во спречување на овој проблем.

Покрај сите овие неверојатни здравствени придобивки, тешко е да се најде причини зошто да НЕ јадеме ѓумбир секој ден.

Ѓумбирот е ефикасен во секој облик: без разлика дали е сиров, зготвен, свеж или исушен. Како и да го консумирате, ѓумбирот е одлична секојдневна навика.

© ЖУРНАЛ    ~45,15

НАЈЧИТАНИ ОД ЗДРАВЈЕ
Ако ви се заглави коска од риба во грлото, веднаш направете го ова
Колкав е рокот на траење на варените јајца
Најдобар детокс на организмот: Го отстранува салото од стомакот и чисти од сите токсини!
Симптоми кои покажуваат дека телото ви е полно со токсини
Нов магичен коктел за диета: Со само 4 состојки до совршена тежина
Што ќе се случи со вашиот организам ако секој ден јадете јајца?
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.