МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Хан: Северна Македонија е единствената земја во регионот што нема спор со ниту еден с..
Медиумите до утре треба да поднесат извештај за рекламите за избори
Џафери воздржан за барањето пратениците да одат на нарко-тест, чека конкретна иниција..
Изминатата недела најмногу заболени од морбили од почетокот на епидемијата
Спорт
Рамос одржал кризен состанок со сите соиграчи, но посебно опоменал една ѕвезда!

Рамос одржал кризен состанок со сите соиграчи, но посебно опоменал една ѕвезда!

петок, 08 март 2019, 09:42ч.   |   Xh.I.

Мадридски „АС“ во текот на вчерашниот ден излезе со сензационална ексклузива со која пренесе дека Серхио Рамос и Флорентино Перез имале жестока расправија во соблекувалната по поразот на Реал Мадрид од Ајакс во Лигата на шампионите, вест која набрзо ја потврдија и сите останати респектирани медиуми од Шпанија.

Инсајдерската информација на угледниот мадридски весник брзо стана топ тема во спортската јавност во оваа земја, но наспроти ова, сега се појавија и интересни информации за реакцијата на капитенот по дебаклот од вторникот. Рамос како капитен го собрал цел тим на кризен состанок во средата, а на истиот порачал дека ја остава расправијата со претседателот зад себе и дека примарна цел на сите треба да биде што побрзу издигнување од оваа проблематична ситуација. Стоперот на Реал побарал од сите играчи да го почитуваат Сантијаго Солари и сите негови одлуки, а на состанокот на кој немало ниту еден член од стручниот штаб и раководство, посебно го подбрал Иско кој се однесува крајно индолентно во последно време.

Рамос пред сите му замерил на Иско за тоа што не се појави на „Сантијаго Бернабеу“ во вторникот откако не беше повикан од тимот, а како крајна цел од сите свои соиграчи побарал освојување на второто место на табелата до крајот на сезоната која дефинитивно е за заборав. Според информациите, Иско ги прифатил критиките од капитенот, па им се извинил на соиграчите за односот кој е резултат на лошата соработка со Солари.

© ЖУРНАЛ    ~135,45

НАЈЧИТАНИ ОД СПОРТ
Изјава која сите ја чекавме: Како Суарез ја опиша одбраната на Барселона при четвртиот погодок?
Перез подготвил изненадување: Реал го нуди Модриќ за ѕвезда од Серија А!?
Де Лихт воодушевен од потегот на Роналдо: Ни докажа дека е фудбалски предатор
Александер Арнолд го објасни лудиот гол од корнер
Ракитиќ и Кутињо го напуштаат „Камп Ноу“ поради двајца фудбалери
Изненадувачка изјава по поразот од Барса: Солскјер процени колку летни засилувања му се потребни на Јунајтед
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.