МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Судот забрани продажба на книгата „До атентатот и по него“, за авторот Андов ова е „н..
Кандидатурите на Пендаровски и Силјановска за претседател доставени во ДИК
Шилегов: Оваа пролет ќе бидат засадени 1.200 дрвја во сите скопски општини
„Македонија-Блокира“ со кривична пријава против ДИК за Филип Петровски
Регион
Брегу: Жените се клучот за економски раст на Балканот – Слушајте ги!

Брегу: Жените се клучот за економски раст на Балканот – Слушајте ги!

петок, 08 март 2019, 13:57ч.   |   Z.H.

 Клучот за отклучување на економскиот потенцијал во овој регион се жените. Секоја година економиите од Западен Балкан во просек изгубиле 18 проценти од бруто домашниот производ (БДП) поради родовиот јаз на пазарот на трудот – што е повеќе од вкупниот БДП на Србија, изјави во специјално обраќање по повод 8 Март, генералната секретарка на Регионалниот совет за соработка (РСС) Мајлинда Брегу.

 
Таа истакна дека жените се уште се борат да постигнат економска сигурност. Брегу посочи дека е точно оти жените заработуваат повеќе од мажите, но сепак само две од пет жени на Западен Балкан имаат работа или се уште ја бараат.
 
Според неа, стапката на вработеност кај жените во регионот изнесува 43,2 отсто.
 
– Ние треба жените да ги снабдиме со вештини и искуство за управувања и за водење на бизнисот и во технички и оперативни улоги. Ние треба да размислиме за преобука на постојните вработени за да се осигураме дека имаме работна сила ориентирана кон иднината. Ние треба да се фокусираме на финансиското образование, вклучително и обуките за идентификување на вистинските финансиски производи и услуги, да им помогнеме на жените сопственички да можат да ги користат неопходните финансиски средства, да им помагаат на другите да го промовираат својот бизниси – додаде Брегу.
 
Во пораката по повод 8 Март, Брегу потенцира „Ние е нашата порака до жените денеска… Ние ќе продолжиме секаде во регионот“. Таа пораката ја заврши со императивна реченица – Слушајте ги жените!

© ЖУРНАЛ    ~48,16

НАЈЧИТАНИ ОД РЕГИОН
Еколошка катастрофа во Истра, тони ѓубре ја преплавија реката
Турција нуди 770.000 долари за секој војник кој по неуспешниот пуч побегна во Грција
Јас сум Јанис Бутарис и веќе 28 години сум чист
Хрватски рибар уловил ајкула од осум метри (видео)
Хрватски рибар уловил ајкула од осум метри (видео)
Хан: Внимателно го следиме прашањето со имотите на грчкото малцинство во Албанија
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.