МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Град Скопје: Соработката со фирмата на партнерот на Царовска е законска
Претседателот ги потпиша указите за 21 закон
Трипуновски: Мојот отказ е политички реваншизам
Русковска: Ги добивме документите од Албанија за Груевски, но не откриваат ништо ново
Регион
Павлопулос: Постојат два грчки услова за членство на Албанија во ЕУ

Павлопулос: Постојат два грчки услова за членство на Албанија во ЕУ

петок, 08 март 2019, 13:57ч.   |   Z.H.

 Грчкиот претседател Прокопис Павлопулос за време на неговата посета на Црна Гора, упати порака до официјална Тирана во врска со нејзината европска интеграција.

 
Тој изјави дека Грција не е против интеграцијата на Албанија во ЕУ, но непочитувањето на грчкото малцинство и тврдењата за постоење и права на Чамите (протерани Албанци од областа Чамарија) се две непремостливи пречки за Албанија во ЕУ.
 
Чамите, смета тој, се „безмилосни нацистички соработници”.
 
– Грција не е против европската перспектива на Албанија, но однесувањето како она кон грчкото малцинство претставува несовладлива пречка за патот на Албанија кон Европската унија. Другата пречка се поврзува со секое барање на правата на таканаречените Чами-Албанци, кои беа немилосрдни соработници на нацистите, како што потврдува историјата- изјави Павлопулос.
 
Грчкиот претседател, исто така, нагласи дека ако Турција, Северна Македонија и Албанија сакаат европска перспектива, треба да ги почитуваат европските правни рамки и меѓународните закони.

© ЖУРНАЛ    ~50,18

НАЈЧИТАНИ ОД РЕГИОН
По само 5 дена заеднички живот, поранешната сопруга живи ги запалила- детали за пожарот кој го потресе регионот
Капучино 6 евра, хамбургер дури 22 - во оваа балканска земја е поскапо и од Мајорка
(Видео) Силно невреме ја погоди Србија, паѓаше град со големина на лешник
Хаос во ТВ студио: Професор и новинар за малку ќе се испотепаа, водителот ги раздвојуваше (ВИДЕО)
Гледате ли нешто погрешно - поради ова забрането е фотографијата на оваа матурнтка да се најде на табло
Српски научник пронајде лек за рак
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.