МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Град Скопје: Соработката со фирмата на партнерот на Царовска е законска
Претседателот ги потпиша указите за 21 закон
Трипуновски: Мојот отказ е политички реваншизам
Русковска: Ги добивме документите од Албанија за Груевски, но не откриваат ништо ново
Регион
ЕУ не ја коментира платформата усвоена од косовскиот Парламент

ЕУ не ја коментира платформата усвоена од косовскиот Парламент

петок, 08 март 2019, 13:56ч.   |   Z.H.

 Портпаролката на ЕК, Маја Коцијанчич изјави дека Брисел не коментира индивидуални позиции на инволвираните страни, откако косовското собрание вчера ја усвои таканаречената „Приштинска платформа”, во која се предвидува взаемно признавање меѓу Косово и Србија во рамки на постоечките граници.

 
Срспката страна го оцени овој потег како „удар врз дијалогот” и „спротивен на здравиот разум”, според премиерката Ана Брнабиќ.
 
– Го видовме законот за дијалогот усвоен во косовскиот Парламент, но како олеснувач ЕУ не коментира индивидуално позиции на ниту една од страните, само преку преговори може да се постигне конечен договор и продолжуваме да веруваме дека дијалогот е единствениот пат напред, во интерес на граѓаните на Косово и на Србија и на регионот, истакна Коцијанчич.
 
Дијалогот за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина е во застој од крајот на минатата година кога Косово воведе зголемување на царините врз производите од Србија и Босна и Херцеговина од сто отсто.
 
– Одлуката на косовските власти за царините не помогна да се создадат услови за продолжување на дијалогот, повторно ја повикуваме косовската Влада веднаш да ги суспендира царините за да може повторно да продолжат преговорите, нагласи портпаролката на ЕК.

© ЖУРНАЛ    ~33,11

НАЈЧИТАНИ ОД РЕГИОН
По само 5 дена заеднички живот, поранешната сопруга живи ги запалила- детали за пожарот кој го потресе регионот
Капучино 6 евра, хамбургер дури 22 - во оваа балканска земја е поскапо и од Мајорка
(Видео) Силно невреме ја погоди Србија, паѓаше град со големина на лешник
Хаос во ТВ студио: Професор и новинар за малку ќе се испотепаа, водителот ги раздвојуваше (ВИДЕО)
Гледате ли нешто погрешно - поради ова забрането е фотографијата на оваа матурнтка да се најде на табло
Српски научник пронајде лек за рак
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.