МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Судот забрани продажба на книгата „До атентатот и по него“, за авторот Андов ова е „н..
Кандидатурите на Пендаровски и Силјановска за претседател доставени во ДИК
Шилегов: Оваа пролет ќе бидат засадени 1.200 дрвја во сите скопски општини
„Македонија-Блокира“ со кривична пријава против ДИК за Филип Петровски
Регион
Брнабиќ: Платформата е завршен удар врз дијалогот, реакцијата ќе биде одмерена

Брнабиќ: Платформата е завршен удар врз дијалогот, реакцијата ќе биде одмерена

петок, 08 март 2019, 13:56ч.   |   Z.H.

 Преговарачката платформа на Приштина, без сомнение е третиот и последен удар врз дијалогот, тоа е документ против каков било компромис и дијалог, спротивен на здравиот разум, а реакцијата на Србија ќе биде одмерена и во интерес на нашите граѓани, изјави премиерката на Србија, Ана Брнабиќ.

 
Таа по завршување на состанокот на Советот за национална безбедност на Србија изјави дека заклучок е, по избегнувањето за формирање на Заедницата на српски општини во Косово, како и воведување на такси за стоките од Србија и Босна и Херцеговина, дека усвојувањето на платформата преставува трет и последен удар за дијалогот.
 
Брнабиќ најави дека по новонастаната ситуација со донесувањето на платформата во Приштина, најтесниот државен врв ќе разговара в недела со патријархот Иринеј и Синодот на Српската православна цркв.
 
Како што најави Брнабиќ, претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска ќе излезе со повеќе информации за јавноста.
 
Генералниот секретар на претседателот на Србија, Никола Селаковиќ утринава на РТС изјави дека одговорот на претседателот Вучиќ на преговарачката платформа на Приштина ќе биде рационален, сериозен, одговорен и цврст.
 
На седницата на Советот за национална безбедност со која председаваше претседателот Александар Вучиќ присуствуваа премиерката Ана Брнабиќ, шефот на БИА Братислав Гашиќ, вицепремеирот и министер за надворешни работи Ивица Дачиќ, министерот за внатрешни работи Небојша Стефановиќ, министерот за одбрана Александар Вулин, началникот на Генералштабот генерал-потполковник Милан Мојсиловиќ, директорот на полицијата Владимир Ребиќ и други

© ЖУРНАЛ    ~30,10

НАЈЧИТАНИ ОД РЕГИОН
Еколошка катастрофа во Истра, тони ѓубре ја преплавија реката
Турција нуди 770.000 долари за секој војник кој по неуспешниот пуч побегна во Грција
Јас сум Јанис Бутарис и веќе 28 години сум чист
Хрватски рибар уловил ајкула од осум метри (видео)
Хрватски рибар уловил ајкула од осум метри (видео)
Хан: Внимателно го следиме прашањето со имотите на грчкото малцинство во Албанија
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.