МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Во понеделник жрепка за кандидатите за градоначалници
„Не бараме милост, туку правда“ – демонстрантите со порака до Заев на протестот за Фе..
Катругалос: Ципрас ќе го посети Скопје првата седмица од април
Река прв, Силјановска втора, Пендаровски трет на гласачкото ливче
Здравје
Зошто какаото е добро по здравјето?

Зошто какаото е добро по здравјето?

петок, 08 март 2019, 12:25ч.   |   L.E.

 Нутриционистите за какаото велат дека е суперхрана, а во тоа дефинитивно ќе ве уверат и овие податоци.

 

Одвоивме неколку интересни факти за какаото и за тоа зошто треба секојдневно да го консумирате.

1. Најголем извор на железо

Кога станува збор за растителни намирници, какаото е најголем извор на железо, содржи 7,3 милиграми во 100 грама. За споредба, говедското и јагнешкото месо содржат 2,5 милиграми, а спанаќот 3,6 милиграми.

Тоа што треба да го знаете е да внесувате доволно витамин Ц покрај какаото, на пример направете овошно смути и додадете какао во прав, како зачин.

2. Содржи повеќе калциум од кравјото млеко

Чистото какао содржи повеќе калциум од кравјото млеко, околу 160 милиграми на 100 грама, во однос на 125 милиграми на 100 милилитри млеко.

3. Содржи магнезиум

Какаото исто така е еден од најголемите извори на магнезиум, а тој е важен за здравјето на срцето. Помага глукозата да се претвори во енергија, овозможувајќи му на мозокот нормално да функционира.

4. Го подобрува расположението

Какаото е добар извор на серотонин, триптофан, тирозин и фенилетиламин, невротрансмитери кои придонесуваат да се чувствувате подобро и среќно. Ги ублажува симптомите на депресија.

5. Какаото е 40 пати посилен антиоксиданс од боровниците

Природното какао има 40 пати посилни антиоксиданси од боровницата. Какаото има ORAC индекс од 98.000 на 100 грама во однос на боровниците кои имаат 2.400. Овој индекс ја мери способноста на антиоксидансите да ги апсорбираат слободните радикали кои доаѓаат од загадувањето и токсините од опкружувањето

© ЖУРНАЛ    ~36,12

НАЈЧИТАНИ ОД ЗДРАВЈЕ
Испијте само една голтка од ова секое утро и црниот дроб ќе ви биде благодарен
Ве мачи киселина во желудникот по само една чаша кафе
Еве што ќе ви се случи ако секој ден јадете по две банани
Никако не ги комбинирајте овие производи: Поради овие грешки ви страда желудникот!
Грешки кои ги правите со витамините, а за кои не сте ни свесни
Го штитат црниот дроб и го забрзуваат метаболизмот: Киселите краставички се моќни чувари на здравјето!
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.