МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Град Скопје: Соработката со фирмата на партнерот на Царовска е законска
Претседателот ги потпиша указите за 21 закон
Трипуновски: Мојот отказ е политички реваншизам
Русковска: Ги добивме документите од Албанија за Груевски, но не откриваат ништо ново
Култура
Уметникот Оливер Мусовиќ учествува на изложба во Вајмар

Уметникот Оливер Мусовиќ учествува на изложба во Вајмар

петок, 08 март 2019, 12:13ч.   |   L.E.

Уметникот Оливер Мусовиќ учествува на изложба во АЦЦ Галерија во Вајмар, на која од денеска до 19 мај ќе бидат претставени дела на уметници резиденти на 24. Интернационална студио програма во Вајмар во 2018 година.

Изложбата е насловена „Солидарност – сега повеќе од било кога“ и повикува на општествена кохезија над потеклото и верувањата, како метод на спас на светот и предлага решенија базирани на заемна помош и солидарност.

Мусовиќ (1971) се преставува со неколку нови и досега неизложувани дела – две фотографски серии, видео и предлог-локална иницијатива реализирани во Вајмар за време на престојот на резиденцијалната програма, како и неколку постари дела.

Појаснува дека делата илустрираат различни аспекти на т.н. солидарна економија, која се базира на активности кои тежнеат да го подобрат квалитетот на живот во еден регион или заеднца преку локални бизниси и непрофитни активности.

„Собирање и редистрибуција на стара облека, „урбан комонс“ – заеднички урбани градини на јавно земјиште, како и поединечни акти на солидарност во сообраќај и алтернативни локални валути. Главно се работи за активности кои се организирани за да ја адресираат и се обидуваат да ја трансформираат експлоатацијата под капиталистичката економија. Овие различни стратегии целат да ја заменат капиталистичката економија со самоорганизирани мрежи на социјална заштита организирани на ниво на заедници“, истакнува Мусовиќ.

На изложбата во АЦЦ Галеријата во Вајмар учествуваат и уметниците Метју МекКарти од Јамајка и Курчи Дасгупта од Непал/Индија, кои имаат и поканети гости. Гости на Мусовиќ на изложбата се членовите на српската уметничка група „Шкарт“ , која се преставува со делото „Мигрантски мапи“ од 2013 година.

© ЖУРНАЛ    ~27,9

НАЈЧИТАНИ ОД КУЛТУРА
Маја Вукичевиќ се омажи, љубоморниот сопруг ја натера да го избрише минатото
Се огласи таткото на Меган Маркл после раѓањето на внукот и сите ги изненади со пораката која ѝ ја испратил на својата ќерка
Сара Мејс денеска го покажа своето “Копито”
„Дупер“ ја избркаа тапанарката, па промовираа нова песна
Конкурс за „Пегаз" – нова книжевна награда за необјавен роман
Утре почнува саемот на книгата
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.