МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Судот забрани продажба на книгата „До атентатот и по него“, за авторот Андов ова е „н..
Кандидатурите на Пендаровски и Силјановска за претседател доставени во ДИК
Шилегов: Оваа пролет ќе бидат засадени 1.200 дрвја во сите скопски општини
„Македонија-Блокира“ со кривична пријава против ДИК за Филип Петровски
Xроника
Во Скопје вчера 10 сообраќајки, потешко повредени пешак

Во Скопје вчера 10 сообраќајки, потешко повредени пешак

петок, 08 март 2019, 10:15ч.   |   L.E.

Скопје, 8 март- Еден пешак и еден возач на мопед се здобиле со тешки телесни повреди, а шест со лесни телесни повреди во пет од вкупно 10 сообраќајни незгоди што се случиле изминатото деноноќие на подрачјето на Град Скопје. Во три е причинета материјална штета.

Според податоците на СВР Скопје, полицијата санкционирала 34 возачи кои возеле со поголема брзина од дозволената, шест кои управувале возило под дејство на алкохол, 17 пред да се стекнат со право на управување моторно возило и двајца почетници.

Од сообраќај биле исклучени 14 нерегистрирани возила, едно возило за претовар, а мерки за непрописно паркирање биле издадени 104. Со специјалното возило „пајак“ биле подигнати 80 возила.

Полицијата евидентирала тројца пешаци за поминување коловоз вон пешачки премин, еден пешак кој поминал коловоз на црвено светло, шест возачи кои поминале крстосница на црвено светло, пет возачи кои не дале првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин и шест за неправилно престигнување.

Казнети се и седум за неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 20 за користење мобилен телефон за време на управување на моторно возило.

© ЖУРНАЛ    ~33,11

НАЈЧИТАНИ ОД XРОНИКА
Нови детали за смртта на девојката во скопско Волково
Скопјанец ја силувал 13-годишната ќерка, девојчето само пријавило во полиција
Излетал од патот, удрил во дрво, па во паркирани автомобили среде центарот на Скопје- три лица се повредени
Бомба во „Мавровка“, оштетени локали
Прегазено девојче кај „Џамбо“
Шестнаесет годишно девојче на сила било внесено во автомобил
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.