МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Хан: Северна Македонија е единствената земја во регионот што нема спор со ниту еден с..
Медиумите до утре треба да поднесат извештај за рекламите за избори
Џафери воздржан за барањето пратениците да одат на нарко-тест, чека конкретна иниција..
Изминатата недела најмногу заболени од морбили од почетокот на епидемијата
Спорт
Икер е фудбалски господин: Сите играчи на Порто лудо славеа, тој го тешеше расплаканиот трагичар на Рома

Икер е фудбалски господин: Сите играчи на Порто лудо славеа, тој го тешеше расплаканиот трагичар на Рома

четврток, 07 март 2019, 09:25ч.   |   Xh.I.

Икер Касилјас е фудбалски господин и џентлмен каков што ретко може да се види во модерниот фудбал, а најдобра дефиниција за тоа каков спортист е искусниот шпански голман добивме изминатава вечер во ситуација кога атмосферата на „Драгао“ беше навистина жешка.

Сите играчи на Порто беа во екстаза и жестоко славеа откако излегоа како победници од двата изедначени дуели со Рома, но за разлика од нив, Икер покажа голема класа и одлучи да му пријде на најголемиот трагичар. Флоренци направи наивен пенал во 117-та минута и му дозволи на Порто да изведе пенал со кој го завери пласманот во четвртфиналето, а тоа посебно тешко му падна на дефанзивецот кој не можеше да се соземе по мечот. Касилјас во стил на фантастичен спортист му пријде на Флоренци и се обиде да го смири вториот капитен на Рома, а за феноменалниот гест доби поздрав од Де Роси кој исто така се доближи за да го поддржи својот соиграч.

© ЖУРНАЛ    ~129,43

НАЈЧИТАНИ ОД СПОРТ
Изјава која сите ја чекавме: Како Суарез ја опиша одбраната на Барселона при четвртиот погодок?
Перез подготвил изненадување: Реал го нуди Модриќ за ѕвезда од Серија А!?
Де Лихт воодушевен од потегот на Роналдо: Ни докажа дека е фудбалски предатор
Александер Арнолд го објасни лудиот гол од корнер
Ракитиќ и Кутињо го напуштаат „Камп Ноу“ поради двајца фудбалери
Изненадувачка изјава по поразот од Барса: Солскјер процени колку летни засилувања му се потребни на Јунајтед
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.