МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Пендаровски поддржува намалување на привилегиите на функционерите
Агенцијата за разузнавање доби нов директор
Кој е кој во кабинетот на претседателот Пендаровски?
Ќе се испитува закупот на канцеларии не само кај Иванов, туку и кај сите поранешни пр..
Економија
Трошоците на живот во февруари на исто ниво како јануари

Трошоците на живот во февруари на исто ниво како јануари

четврток, 07 март 2019, 13:10ч.   |   L.E.

Скопје, 7 март- Трошоците на живот во февруари се на истото ниво како и во јануари, а кај цените на мало има намалување за 0,2 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.

Во споредба со февруари лани, трошоците на живот се пораснати за 1,1 процент, а цените на мало за 0,3 проценти.

Статистичките податоци покажуваат дека пораст има кај свежиот и разладениот зеленчук, освен компирот и другите коренести плодови, кај свежото и разладеното овошје, млекото, јогуртот, конзервирниот и преработен зеленчук, житата, чаденото месо, рибата и морските плодови. Намалување е забележано кај месото, јајцата, маслото, шеќерот и кондиторските производи.

Пораст во февруари има и кај течните горива за домаќинствата, парамедицинските услуги,книгите, автомобилите, терапевтските помагала и мебелот, а намалување се бележи кај авионскиот превоз, туристичките пакет-аранжмани, фотографската и кинематографската опрема, услугите за сместување и облеката и обувките./MИА

© ЖУРНАЛ    ~45,15

НАЈЧИТАНИ ОД ЕКОНОМИЈА
Регулаторна одлучи: Големо поскапување на бензинот и дизелот
Велигден ги поскапе земјоделските производи, а се намалува цената на јагнешкото
Поскапуваат горивата
Евидентирани 190 илјади невработени, 70% не се појавуваат на интервју, а 30% ја одбиваат работата по интервјуто, вели АВРМ
Производствените фирми тешко наоѓаат стручен кадар
РКЕ: Сопствениците на станови исклучени од парно нема да плаќаат ако живеат во нив
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.