МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Судот забрани продажба на книгата „До атентатот и по него“, за авторот Андов ова е „н..
Кандидатурите на Пендаровски и Силјановска за претседател доставени во ДИК
Шилегов: Оваа пролет ќе бидат засадени 1.200 дрвја во сите скопски општини
„Македонија-Блокира“ со кривична пријава против ДИК за Филип Петровски
Свет
Лавров повтори дека Русија ќе реагира исто како и САД

Лавров повтори дека Русија ќе реагира исто како и САД

четврток, 07 март 2019, 15:22ч.   |   Z.H.

 Москва ќе го задржи правото на распоредување на ракети во која било област, како одговор на сличните мерки на Вашингтон, изјави вчера шефот на руската дипломатиоја Сергеј Лавров.

 
Тој го цитираше рускиот претседател Владимир Путин дека Москва ќе реагира со иста мерка воочи кризата поврзана со нуклеарните ракети со среден дострел (ИНФ).
 
– Претседателот нагласи дека во случај САД да се откажат од Договорот и со тоа ги отстранат препреките и почнат да користат ракети што се забранети во кој било дел од светот и Русија ќе го задржи правото, каде и да постават САД проектили, да постави свои ракети во истата област – наведе Лавров.
 
Тој додаде дека тоа не е избор на Русија туку на САД, кои наизглед не се чувствуваат добро поради развојот на светот во кој се обликува нов неоколонијален, неимперијалистички систем на меѓународни односи без ултиматуми.
 
Лавров потенцира дека Русија никогаш не одбила ниту едни преговори насочени кон јакнење на стратешката стабилност.
 
– Нема да ги оптоваруваме нашите американски колеги со тоа прашање. Тие се свесни за нашите предлози, па кога доволно ќе созреат, добродојдени се – посочи Лавров.
 
Американскиот претседател Доналд Трамп и државниот секретар Мајк Помпео на 1 февруари изјавија дека Вашингтон ги суспендира своите обврски наметнати со ИНФ, почннувајќи од 2 февруари и оти во рок од шест месеци ќе излезе од Договорот ако Русија продолжи да не се придржува до истиот.
 
Рускиот претседател одговори на ист начин, истакнувајќи оти Москва ќе го суспендира Договорот од времето на Студената војна. Тој им кажа на министрите да не иницираат разговори за разоружување со Вашингтон, истакнувајќи дека САД треба да станат „доволно зрели“ за праведен и смислен дијалог.
 
Договорот за нуклеарни ракети со среден дострел потпишан е помеѓу поранешниот Советски сојуз и САД на 8 декември 1987 година, а стапи во сила на 1 јуни 1988 година. Во 1992 година кога СССР се распадна, ИНФ стана мултилатерален договор и со поранешните советски републики – Белорусија, Казахстан и Украина, како земји наследнички.
 
ИНФ се однесува на распоредени и нераспоредени копнени ракети со краток дострел (од 500 до 1.000 километри) и ракети со среден дострел (од 1.000 до 5.500 километри).

© ЖУРНАЛ    ~39,13

НАЈЧИТАНИ ОД СВЕТ
Помпео во Унгарија: САД нема да дозволат Путин да направи раздор во НАТО
Демократите во Вирџинија ги тресат расистички и секс скандали
Стотици возачи во Британија ноќта ја минаа по автомобили и пабови
Најмалку пет лица загинаа во пожар во стан во јужна Германија
Британија, Шпанија, Франција и Шведска го признаа Гуаидо за привремен претседател на Венецуела
Закани за поставени бомби во 130 објекти во Московскиот Регион
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.