МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Во понеделник жрепка за кандидатите за градоначалници
„Не бараме милост, туку правда“ – демонстрантите со порака до Заев на протестот за Фе..
Катругалос: Ципрас ќе го посети Скопје првата седмица од април
Река прв, Силјановска втора, Пендаровски трет на гласачкото ливче
Свет
Ердоган: Никогаш нема да се откажеме од набавката на С-400

Ердоган: Никогаш нема да се откажеме од набавката на С-400

четврток, 07 март 2019, 12:21ч.   |   Z.H.

 Турција никогаш нема да се откаже од договорот за купување одбранбени ракетни системи С-400 од Русија, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Тој истакна дека Анкара потоа би можела да ја разгледа можноста за купување на системот С-500, пренесува Ројтерс.
 
Анкара не е роб на Америка па Вашингтон да решава кои оружја Турција може да ги купува, истакна турскиот претседател, додавајќи дека купувањето на противвоздушните ракетни системи С-400 ќе продолжи според планот.
 
„Тоа е завршено. Не може да има враќање назад. Тоа не би било етично, не би било морално. Никој нема право да бара да се повлекуваме од нешто што сме го договориле“, порача Ердоган.
 
Вашингтон претходно во повеќе наврати предупреди дека набавката на системот С-400 од Русија би можела да ги загрози договорите од одбранбената индустрија меѓу сојузниците во НАТО, а неделава реши и да ја прекине повластената трговија со Турција.
 
Во интервју за телевизијата Канал 24 Ердоган кажа дека САД не би требало да се обидуваат да ја дисциплинираат Турција преку економски мерки, истакнувајќи и дека Турција подготвува сопствени контрамерки.

© ЖУРНАЛ    ~30,10

НАЈЧИТАНИ ОД СВЕТ
Помпео во Унгарија: САД нема да дозволат Путин да направи раздор во НАТО
Демократите во Вирџинија ги тресат расистички и секс скандали
Стотици возачи во Британија ноќта ја минаа по автомобили и пабови
Најмалку пет лица загинаа во пожар во стан во јужна Германија
Британија, Шпанија, Франција и Шведска го признаа Гуаидо за привремен претседател на Венецуела
Закани за поставени бомби во 130 објекти во Московскиот Регион
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.