МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Град Скопје: Соработката со фирмата на партнерот на Царовска е законска
Претседателот ги потпиша указите за 21 закон
Трипуновски: Мојот отказ е политички реваншизам
Русковска: Ги добивме документите од Албанија за Груевски, но не откриваат ништо ново
Култура
„Матица македонска" објави избор од поезијата на Матеја Матевски

„Матица македонска" објави избор од поезијата на Матеја Матевски

среда, 06 март 2019, 12:09ч.   |   L.E.

 По повод деведесетгодишнината од раѓањето на академик Матеја Матевски, „Матица македонска" објави избор од неговата поезија, насловен според неговата позната стихозбирка – „Дождови". Деведесет песни од богатиот опус на авторот се застапени во овој избор што го подготви поетот Раде Силјан.

„Матеја Матевски (Истанбул, 1929 – Скопје, 2018) припаѓа во редот на челниците на современата македонска литература. Во изминатите децении на богата и континуирана творечка активност тој создаде дела кои го легитимираат како автентична и неповторлива книжевна појава, како стаменит творец, кој во нашиот духовен простор востанови високи естетски стандарди“, пишува Раде Силјан во поговорот насловен „Поетските завештанија на Матеја Матевски“.

Матевски е автор на 24 стихозбирки, седум книги со критики и есеи, четири капитални антологии од шпанската, каталонската и галициската поезија, а како пасиониран преведувач на македонски јазик има преведено над шеесет одделни книги од шпански, француски, словенечки, албански, италијански, српски и од други јазици.

Добитник е на голем број национални и меѓународни награди, а во 2011 година ја доби и наградата „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата.

© ЖУРНАЛ    ~30,10

НАЈЧИТАНИ ОД КУЛТУРА
Маја Вукичевиќ се омажи, љубоморниот сопруг ја натера да го избрише минатото
Се огласи таткото на Меган Маркл после раѓањето на внукот и сите ги изненади со пораката која ѝ ја испратил на својата ќерка
Сара Мејс денеска го покажа своето “Копито”
„Дупер“ ја избркаа тапанарката, па промовираа нова песна
Конкурс за „Пегаз" – нова книжевна награда за необјавен роман
Утре почнува саемот на книгата
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.