МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Претседателот Пендаровски го прими германскиот амбасадор Герберих
Заев ги разреши сите претседатели на општинските ограноци на СДСМ
Јовески: Нема законски и било какви други пречки Интерпол да ја објави потерницата по..
Во Скопје ЗОО ќе се реновираат живеалиштата за кенгури и лавови
Авто
Fiat Centoventi електричен концептн- нова Panda во Женева 2019!

Fiat Centoventi електричен концептн- нова Panda во Женева 2019!

среда, 06 март 2019, 11:58ч.   |   L.E.

 По повод 120-от роденден Fiat го прикажа својот нов концепт наречен Centoventi, што покажува визијата на Италијанците за идната генерација на Panda …
На актуелниот салон на бреговите на прекрасното Женевско езеро Fiat слави убав јубилеј – 120-години од постоење исполнето со многу блескави елементи и автомобили кои израснаа во икони на колективната свест. Електричен концепт Centoventi,( на италијански „сто и дваесет“) е изработен токму во чест на јубилејот и богатото наследство што е база за блескава иднина и навестување на нови модели што ќе ја одбележат урбаната мобилност на иднината.

 


Самиот концепт претставува визија за идниот електричен дизајн, што воедно ни ја претставува следната генерација на популарниот градски автомобил од Торино – Panda.

Електричниот концепт се одликува со футуристичка внатрешност што лесно се конфигурира овозможувајќи најразлична прераспределба за неверојатна функционалност, со врати што се отвораат како на плакар задните наспротои предните и без центален столб за полесен пристап до кабината.

 

Така, контролната табла има специјални влезови за голем број на различни гаџети кои се нераздвоен дел од новата технолошка генерација на потенцијалните купувачи.

Преку истата може да се управува со паметниот мобилен телефон, или таблет, префрлајќи го неговиот екран на дигиталниот на конзолата каде е лоциран 20-инчен дигитален инструмент за информативно – забавен систем, нудејќи постојана поврзаност за работа, забава или за добивање на информации за сообраќајот.

 

Во однос на погонскиот систем Centoventi е опремен со електромотор, како и со батерија што може да се менува и надгради, при што сопствениците можат да додадат до три дополнителни батерии, со цел да ја зголемат автономијата на возење со едно полнење на истите.

Инаку од инженерите на автомобилскиот гигант од Торино е пласирана информацијата дека новиот електричен градски концепт може да понуди автономија во опсег од 100 до 500 km, во зависност пакетот на батериите што се вградени.

 

Покрај тоа урбаниот Лилипутанец од иднината ќе им овозможува на сопствениците да ја одберат посакуваната спецификација преку програмата за персонализација што Fiat ја нуди- 4U.

Истата вклучува избор помеѓу четири покриви, четири браници, четири фелни и исто толку надворешни обвивки, што му овозможуваат на Centoventi широк спектар на прилагодување.

 

Исто така концептот има и панел на покривот што се вади и може да се замени со подвижен мек покрив.

Инаку, производната верзија на новиот концепт на Fiat ќе се базира на новата архитектура за мали автомобили, што треба да ги поддржи идните модели, на брендот меѓу кои и идниот 500 и Punto.

 

На салонот, официјалните лица на Компанијата меѓу другото потврдија и дека наредната генерација на Fiat 500 ќе ја претстават веќе идната 2020 година, исто така на салонот за автомобили во Женева.

 

Покрај тоа, веќе сега се знае дека идната генерација на популарниот „500“ ќе има електричен погонски склоп!

© ЖУРНАЛ    ~36,12

НАЈЧИТАНИ ОД АВТО
ТОП 5 АВТОМОБИЛИ: Кои автомобили тpoшат нajмногу а кои нajмалку гopиво!
Збогум за три модели на Opel
Во интерес на корисниците: Facebook најави клучен редизајн на мобилната апликација
Со 400 коњски сили, новиот Голф ќе биде брутално моќен
VW со загуба од 3.000 евра ќе го продава I.D.
Еволуција место револуција за Nissan Juke II
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.