МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Пендаровски поддржува намалување на привилегиите на функционерите
Агенцијата за разузнавање доби нов директор
Кој е кој во кабинетот на претседателот Пендаровски?
Ќе се испитува закупот на канцеларии не само кај Иванов, туку и кај сите поранешни пр..
Шоубиз
Ми ставија нож под грло да се појавам во спот: Владо Jаневски го прекрши правилото

Ми ставија нож под грло да се појавам во спот: Владо Jаневски го прекрши правилото

вторник, 05 март 2019, 14:02ч.   |   L.E.

 Владо Јаневски го прекрши своето долгогодишно правило, да не се појавува во своите спотови. Во новото видео во режија на Дарио Јанковиќ, за баладата „Откако си негова“, токму ја Владо ја има главната машка улога. Женската ѝ е доверена на првата Мис на Македонија за Мис на светот, Вера Мештеровиќ.

Спотот, во режија на Дарио Јанковиќ беше промовиран на прес конференција денеска, со која Владо го најави славеничкиот концерт за 25 години кариера, на 16 март во ВИП Арената.

„ Хрватите ми ставија нож под грло да се појавам во спотот“, рече низ насмевка Владо. Кога ќе ти стават нож под грло дека мора да се појавиш во спот, ќе се појавиш“, објасни тој за песната која е работена за македонскиот и за хрватскиот пазар, на двата јазика, во студиото на продуцентот Никша Братош.


„ Јас бев Мис на Македонија во 1996 година, почнував да работам како модел на почетокот од деведесетите. Тогаш Владо беше на почетокот од кариерата, и можам да речам дека заедно почнувавме. Од тогаш се знаеме“, рече Вера Мештеровиќ. Владо Јаневски вели дека заслугата што таа е во спотот е на режисерот, кој направил добар избор.

„ Повеќе ми личи да соработувам со една ваква дама, туку со некоја млада девојка“, додаде канатвторот. На концертот, кој го организира „Прагма“ продукција , Владо најави вечер со неговите хитови на која повеќе ќе пее, а помалку ќе зборува. Скопскиот концерт има шанса да се повтори и летово, во Охрид./М.Џ

© ЖУРНАЛ    ~604,208

НАЈЧИТАНИ ОД ШОУБИЗ
Прва слика на водителката откако автобусот и ја „иcкopна“ раката!
Наташа Беквалац: Ми беше љубов 18 години, заспа и повеќе не се разбуди
Теа Трајковска се соблече топлес (Фото)
Даниел Кајмаковски се разведува од сопругата Кристина
Телото на починатата Беличанец го пронашол сопругот во неговиот стан
Пејачот Адријан Гаџа го отвора најскапиот ресторан во Скопје
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.