МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Претседателот Пендаровски го прими германскиот амбасадор Герберих
Заев ги разреши сите претседатели на општинските ограноци на СДСМ
Јовески: Нема законски и било какви други пречки Интерпол да ја објави потерницата по..
Во Скопје ЗОО ќе се реновираат живеалиштата за кенгури и лавови
Економија
Потпишани првите договори за закуп на државно земјоделско земјиште над три хектари

Потпишани првите договори за закуп на државно земјоделско земјиште над три хектари

вторник, 05 март 2019, 13:52ч.   |   L.E.

 Во Владата на Република Северна Македонија денеска беа потпишани првите од вкупно 20 договори за закуп на државно земјоделско земјиште над три хектари. Вкупната инвестиција на сите договори е 11 милиони евра кои ќе се вложуваат во следните пет години во изградба на винарии, кланици, млинови, оранжерии и откупни центри.


„Она што е најважно е дека преку овие инвестиции во земјоделската преработувачка индустрија ќе се создадат услови за обезбедување на сигурен пласман на земјоделските производи, решавање на проблемите со вишоците, како и отворање на нови работни места“, изјави премиерот Зоран Заев, кој заедно со вицепремиерот Кочо Анѓушев и со министерот за земјоделство Љупчо Николовски присуствуваше на потпишувањето на договорите.

Според Анѓушев, во државата недостигаат преработувачки капацитети за земјоделски производи и токму затоа оваа програма е конципирана така што се доделува земјоделско земјиште, но поврзано со преработувачки капацитети.

„Точно она што фали во македонското земјоделство. Очекуваме во иднина да има што помалку продажба на сурови производи, а што повеќе производство и продажба на производи со додадена вредност во процесната индустрија на земјоделството“, рече Анѓушев.

Министерот за земјоделство, пак, најави дека по завршување на претседателските избори, ќе биде распишан уште еден инвестициски оглас за кој уште сега имало интерес.

© ЖУРНАЛ    ~48,16

НАЈЧИТАНИ ОД ЕКОНОМИЈА
Регулаторна одлучи: Големо поскапување на бензинот и дизелот
Велигден ги поскапе земјоделските производи, а се намалува цената на јагнешкото
Поскапуваат горивата
Евидентирани 190 илјади невработени, 70% не се појавуваат на интервју, а 30% ја одбиваат работата по интервјуто, вели АВРМ
Производствените фирми тешко наоѓаат стручен кадар
РКЕ: Сопствениците на станови исклучени од парно нема да плаќаат ако живеат во нив
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.