МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Пендаровски поддржува намалување на привилегиите на функционерите
Агенцијата за разузнавање доби нов директор
Кој е кој во кабинетот на претседателот Пендаровски?
Ќе се испитува закупот на канцеларии не само кај Иванов, туку и кај сите поранешни пр..
Здравје
Први симптоми за рак на дебело црево

Први симптоми за рак на дебело црево

вторник, 05 март 2019, 13:47ч.   |   L.E.

 Месецот март е посветен за подигнувањето на свеста за ракот на дебелото црево – еден од најчестите убијци во модерниот свет. Доколку мислите дека оваа болест ги напаѓа само постарите луѓе, грешите. Сè почесто се појавуваат луѓе во нивните 20-ти и 30-ти кои заболуваат од овој вид рак.

Првите симптоми на рак на дебелото црево

Превентивните прегледи помагаат да се намали бројот на потенцијални пациенти, но епидемијата на дебелина претставува голем ризик. Според Центарот за контрола и превенција на болести во САД, следниве 6 симптоми можеби укажуваат на рак на дебелото црево, па најдобро е да не ги игнорирате.

1. Анемија (недостаток на железо)
Кога туморите во дебелото црево ќе почнат да крвават, настанува намалување на нивото на железо во организмот. Луѓето често не можат да ја забележат оваа загуба, но обичниот лабораториски тест може да ви помогне да дознаете дали имате анемија и дали имате доволно здрави црвени крвни клетки.

2. Болки во стомакот
Малигните клетки можат да предизвикаат повреди на ткивото, со тоа предизвикувајќи и грчеви или болка. Пациентите со рак на дебелото црево, многу често подоцна се присетуваат дека некое време ја игнорирале неудобноста во пределот на стомакот. Болката може да биде остра или тапа.

3. Тесна столица
Многу е честа и промената на изгледот на столицата кај пациентите со рак на дебелото црево. Доколку столицата е многу потенка од вообичаено, тоа може да биде знак за малигно заболување на дебелото црево. Можно е да се појават и други проблеми поврзани со празнењето на цревата.

4. Нагон за празнење без резултат
Доколку чувствувате нагон за празнење, но кога ќе отидете во тоалет не се случува ништо, можно е да постои тумор во ректумот.

5. Ненадејно слабеење
Воглавно, слабеењето без диета или голем стрес секогаш е причина да го посетите лекарот. Иако можеби јадете како и вообичаено, некои болести можат значително да го променат начинот на којшто телото ја користи храната. Кога станува збор за рак на дебелото црево, болеста често го спречува апсорбирањето на хранливите материи, што резултира со слабеење.

6. Крвавење
Еден од најочигледните знаци дека нешто не е во ред со цревата е ректалното крвавење. Доколку забележите крв на тоалетната хартија, во тоалетната школка или столицата, би требало да го известите вашиот лекар. Крвавењето предизвикано од тумор во цревата е многу пообилно од крвавењето од хемороиди.

© ЖУРНАЛ    ~196,68

НАЈЧИТАНИ ОД ЗДРАВЈЕ
Ако ви се заглави коска од риба во грлото, веднаш направете го ова
Колкав е рокот на траење на варените јајца
Најдобар детокс на организмот: Го отстранува салото од стомакот и чисти од сите токсини!
Симптоми кои покажуваат дека телото ви е полно со токсини
Нов магичен коктел за диета: Со само 4 состојки до совршена тежина
Што ќе се случи со вашиот организам ако секој ден јадете јајца?
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.