МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Претседателот Пендаровски го прими германскиот амбасадор Герберих
Заев ги разреши сите претседатели на општинските ограноци на СДСМ
Јовески: Нема законски и било какви други пречки Интерпол да ја објави потерницата по..
Во Скопје ЗОО ќе се реновираат живеалиштата за кенгури и лавови
Технологија
Galaxy S10 vs iPhone XS: Кој е најдобриот смартфон на пазарот?

Galaxy S10 vs iPhone XS: Кој е најдобриот смартфон на пазарот?

вторник, 05 март 2019, 13:44ч.   |   L.E.

Според Samsung, нивните модели се врвот на телефонската индустрија, додека Apple тврди дека iPhone е на врвот уште многу одамна и нема намера да се симне од таму. Но, како се споредуваат двата најдобри модели од двете компании?


Основниот модел Galaxy S10 и нешто поскапиот Galaxy S10+ нудат различни работи во поглед на големината, спецификациите и цената, но флегшип моделот Galaxy S10 е оној кој има аспирација да се споредува со iPhone XS на Apple.

Поминаа шест месеци помеѓу промоцијата на новите модели на Apple и претставувањето на Galaxy S10, со што Samsung доби предност во трката по освојување на приматот на „најдобар телефон на пазарот“. За да се увериме кој од двата модели е подобар, решивме да ги споредиме еден наспроти друг.

Екран

Сите три верзии на двата модели доаѓаат во различни големини, но стандардните флегшип модели се со скоро иста големина. Екранот на iPhone XS е нешто помал од оној на Galaxy S10, со големина од 5,8 инчи наспроти онаа од 6,1 инч. И двата уреди „пораснаа“ со тек на време, за што говори и фактот дека оригиналниот iPhone имаше екран со големина од 4,5 инчи.

Камера

iPhone XS доаѓа со 12-мегапикселна камера со две леќи, што претставува подобрување во однос на iPhone X. Од друга страна, камерата на Galaxy S10 има тројна леќа, од кои едната е за ултрашироки агли, втората е телефото леќа и третата е онаа главната, од 12 мегапиксели.

Внатрешни спецификации

И двата телефони, Galaxy S10 и iPhone XS, имаат врвни процесори во Qualcomm Snapdragon 655 и A12 Bionic, последователно. Но, кога се работи за внатрешната меморија, таму Galaxy S10 доаѓа до првата предност. iPhone XS има внатрешна меморија од 512GB, исто како Galaxy S10, но нема можност за проширување на меморијата. За разлика од него, моделот на Samsung може да се надогради до 1TB меморија.

 

Батерија

Новиот модел на Samsung има батерија со капацитет од 3.400 mAh, иако е тешко да се одреди како таа навистина ќе се однесува во вистинскиот живот. Apple традиционално не соопштува детали околу капацитетот на батеријата, но и нивниот XS, како и Galaxy S10, има можност за безжично полнење. Единствената предност на Galaxy S10 е тоа што има можност за повратно безжично полнење, што значи дека може да напојува други компатибилни уреди.

 

Цена

Иако iPhone XS е шест месеци постар, сепак е малку поскап од моделот на Samsung. Додека основнио модел на Samsung Galaxy S10 чини 899 долари, цената на основниот iPhone XS почнува од 1.099 долари и се движи нагоре до 1.349 долари./kajgana.com 

© ЖУРНАЛ    ~51,17

НАЈЧИТАНИ ОД ТЕХНОЛОГИЈА
Фејсбук Месинџер ќе се враќа во главната апликација
Плејстејшн 5 ќе биде нешто досега невидено!
Фејсбук редизајн: Еве како ќе изгледа News Feed
Вибер воведе нова услуга: Многу е корисна, но не е бесплатна
iPhone XE е компактниот Apple модел кој фановите долго го очекуваа!
Доминација на кинеските компании: Ова се најбрзите паметни телефони во светот
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.