МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Претседателот Пендаровски го прими германскиот амбасадор Герберих
Заев ги разреши сите претседатели на општинските ограноци на СДСМ
Јовески: Нема законски и било какви други пречки Интерпол да ја објави потерницата по..
Во Скопје ЗОО ќе се реновираат живеалиштата за кенгури и лавови
Авто
Jaguar I-Pace избран за Автомобил на годината за 2019

Jaguar I-Pace избран за Автомобил на годината за 2019

вторник, 05 март 2019, 12:08ч.   |   L.E.

 Ден пред официјалниот почеток на Меѓународниот саем на автомобили во Женева, се одржа финалето од изборот за европски Автомобил на годината за 2019 година (Car of the Year 2019).

 

Титулата ја освои електричниот Jaguar I-Pace, втор е спортскиот Alpine A110, а трет Kia Ceed.

Во потесниот избор имаше вкупно седум модели: Alpine A110, Citroen C5 Aircross, Ford Focus, Jaguar I-Pace, Kia Ceed, Mercedes A klase и Peugeot 508, а електричниот Jaguar ја однесе победата со 250 бодови, колку што имаше и второпласираниот Alpine A110.

 

На крај, победникот беше одлучен со еден вид „тај брејк“, на основа на тоа што повеќе членови на жирито му доделија најмногу поени при гласањето.

Зад нив, на трето место е новата Kia Ceed со 247 бодови. Четврти е Ford Focus (235), петти Citroen C5 Aircross (210), шести Peugeot 508 (192) и на последно место е Mercedes A класа (116).

За признанието Автомобил за 2019 конкурираа сите автомобили што се појавија на европскиот пазар од почетокот на 2018 година. Најдобриот автомобил го избра меѓународно жири составено од 60 автомобилски новинари од 23 европски земји.

 

Традиционалниот избор за Автомобил на годината во Европа се одржува од 1964 година, а во 2018 година победник беше Volvo XC40.

Ова не е прв пат електричен модел да го добие признанието за најдобар нов автомобил на европскиот пазар, со оглед на тоа дека во 2011 година триумфираше Nissan Leaf.

 

Jaguar I-Pace користи литиум-јонска батерија со капацитет од 90 kWh, а според фабричките податоци, максималната автономија се движи од 386 до 480 поминати километри. Од друга страна, независната американска агенција EPA го процени максималниот досег на 354 километри.

 

Од Jaguar велат дека за дополнување на батеријата од 0 до 80% се потребни 85 минути, ако се користи полнач за едносмерна струја од 50 kW. Во случај батеријата да се дополнува на побрз полнач од 100 kW, времето на полнење се намалува на само 40 минути.

Вкупната комбинирана моќност на автомобилот е 400 коњски сили, со вртежен момент од 696 Nm. I-Pace забрзува од 0 до 100 км/ч за 4,8 секунди.

© ЖУРНАЛ    ~27,9

НАЈЧИТАНИ ОД АВТО
ТОП 5 АВТОМОБИЛИ: Кои автомобили тpoшат нajмногу а кои нajмалку гopиво!
Збогум за три модели на Opel
Во интерес на корисниците: Facebook најави клучен редизајн на мобилната апликација
Со 400 коњски сили, новиот Голф ќе биде брутално моќен
VW со загуба од 3.000 евра ќе го продава I.D.
Еволуција место револуција за Nissan Juke II
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.