МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Судот забрани продажба на книгата „До атентатот и по него“, за авторот Андов ова е „н..
Кандидатурите на Пендаровски и Силјановска за претседател доставени во ДИК
Шилегов: Оваа пролет ќе бидат засадени 1.200 дрвја во сите скопски општини
„Македонија-Блокира“ со кривична пријава против ДИК за Филип Петровски
Технологија
Поглед кон светот во повеќе детали, само со Apple Glasses

Поглед кон светот во повеќе детали, само со Apple Glasses

понеделник, 04 март 2019, 12:09ч.   |   L.E.

Очилата за проширена реалност на Apple, наречени Apple Glasses, се последниот адут од производната линија на американскиот технолошки гигант.

Кога Apple Glasses ќе бидат подготвени за да се појават на пазарот, функцијата на прикажување на реалноста ќе биде исклучително разработена, елегантна и со научен карактер.

Канцеларијата на патенти на САД неодамна издаде и објави патент кој ќе му овозможи на Apple да им понуди на купувачите очила со кои ќе добиваат подетални информации за предметите и околината.

Патентот содржи методи за „дисплеј кој се носи на главата“ (нормално, Apple Glasses не е споменат директно, но можете да претпоставите за што се работи) за приказ на информации за POI (Point Of Interest) со мали индикатори кои ќе покажуваат дополнителни детали.

Корисниците ќе можат да добијат повеќе детали за околината и објектите со тоа што ќе кликнат со прстот на приказот во нивното видно поле. Предната камера на уредот (која треба да има вграден сензор за длабочина) го препознава овој потег и прикажува повеќе или помалку информации за избраниот објект. Засега не сме сигурни како дополнителните информации ќе бидат прикажани на Apple Glasses, без тоа да биде вознемирувачко за работата на корисниците.

Очилата Apple Glasses би требало да бидат директно поврзани со оперативниот систем на iPhone и нема да прикажуваат виртуелна, туку проширена реалност. Нивното лансирање на пазарот е закажано за 2021 година./Извор: kajgana.com

© ЖУРНАЛ    ~54,18

НАЈЧИТАНИ ОД ТЕХНОЛОГИЈА
Како да откриете кој ве пребарува на интернет?
Xiaomi Redmi Note 7 Pro: Помоќен, попремиум, но сеуште со ниска цена!
Снабдувачот на Apple, Corning развива свитливо стакло за смартфони
Huawei го потврди најзначајниот новитет на следниот флегшип модел
MWC 2019: 5 нови и уникатни производи на Huawei!
Ова е првиот телефон во светот без копчиња и без ниеден приклучок
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.