МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Судот забрани продажба на книгата „До атентатот и по него“, за авторот Андов ова е „н..
Кандидатурите на Пендаровски и Силјановска за претседател доставени во ДИК
Шилегов: Оваа пролет ќе бидат засадени 1.200 дрвја во сите скопски општини
„Македонија-Блокира“ со кривична пријава против ДИК за Филип Петровски
Авто
Kia ќе ги промовира подновените Niro Hybrid и Plug-in Hybrid во Женева (Фото)

Kia ќе ги промовира подновените Niro Hybrid и Plug-in Hybrid во Женева (Фото)

понеделник, 04 март 2019, 12:03ч.   |   L.E.

Kia Motors го усоврши бестселерот Niro во сегментот на електрични crossover модели зголемувајќи ја ефикасноста
Подновената изведба ќе има светска премиера за неколку дена на саемот во Женева, каде Niro, crossover со хибридните технологии, во 2019 година ќе донесе пософистициран надворешен дизајн и префинет, висококвалитетен ентериер, со повеќе опции за персонализација.

Моделите Hybrid и Plug-in Hybrid ќе имаат иновативен телематски систем Uvo Connect, со повисоко ниво на функционалност за поврзување во возилото.

 

Од почетокот на продажбата во 2016 година, над 270.000 единици се продадени низ светот, од кои 100.000 во Европа.

 

Кia Niro е петти најпродаван модел во Европа во 2018 година со раст на продажбата од 33% или 45.255 продадени возила, вклучувајќи 34.642 хибриди и 9.951 plug-in хибриди.

 

На крајот на минатата 2018 година гамата се прошири со воведувањето на е-Niro, 100% електричен автомобил.

 

„ Емилио Херера, главен оперативен директор на Kia Motors Европа, вели, „Niro стана главен двигател за пораст на Kia во Европа и основа во нашата стратегија за електрифицирани производи.

Тоа е единствениот хибриден модел на Kia во Европа што доаѓа со гаранција од седум години или 150.000 km., што ниту еден друг прозводител не го нуди

 

 

Адаптивното управување, ниските емисии и ниските трошоци за одржување го прават многу привлечен за приватните и за деловните корисници, а со подобрениот дизајн, и квалитет, со вграден Uvo систем за поврзување е уште попривлечен“.

 

Подновените Niro Hybrid и Niro Plug-in Hybrid на Стариот континент ќе бидат во продажба во вториот квартал од 2019 година.

© ЖУРНАЛ    ~37,13

НАЈЧИТАНИ ОД АВТО
Првиот македонски електричен автомобил
Новата S- Класа со огромен екран на централната табла во стил на Tesla
Нови Golf 8 фотографии
Tоп 10 најбарани автомобилски брендови во ЕУ
Креативна реклама за новиот Golf која вреди да се погледне (Видео)
Mercedes-AMG инвазија во Скопје!
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.