МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Град Скопје: Соработката со фирмата на партнерот на Царовска е законска
Претседателот ги потпиша указите за 21 закон
Трипуновски: Мојот отказ е политички реваншизам
Русковска: Ги добивме документите од Албанија за Груевски, но не откриваат ништо ново
Регион
Грчката полиција нападната со молотови коктели пред турскиот конзулат во Солун

Грчката полиција нападната со молотови коктели пред турскиот конзулат во Солун

понеделник, 04 март 2019, 12:47ч.   |   Z.H.

 Солун помина низ напната ноќ кон неделата откако десетици маскирани напаѓачи ја нападнаа полицијата што го чувала турскиот конзулат во градот со молотови коктели. Полицајците одговориле со солзавец и со шок-бомби, пренесува РТ.

 
Насилствата избувнале по стемнување во саботата, кога околу 50 мажи, кои грчките медиуми ги опишаа како анархисти, ја нападнале полицијата.
 
Десетици молотови коктели биле фрлени пред полицајците да ги натераат напаѓачите да се повлечат. Имало полициска потера, но немало апсења. Сторителите се сокриле во кампусот на локалниот универзитет „Аристотел“, кој е надвор од овластувањата на полицијата.
Не се пријавени повредени, но пожарникарите биле повикани да изгаснат неколку мали пожари предизвикани од молотовите коктели.
 
Турскиот конзулат во Солун и претходно беше цел на голем број провокации. По сличен драматичен инцидент минатата година, официјална Анкара рече дека очекува грчките власти да ги преземат неопходните мерки за безбедност на персоналот и зградите на турските мисии во Грција.
 
Исто, во саботата најмалку 40 маскирани мажи нападнале полициска станица во населбата Кукаки во Атина. Во нападот биле фрлени и молотови коктели кои го оштетиле влезот во префектурата, две паркирани полициски возила и блиската пекарница. Нападот бил прекинат, по што полицијата уапсила 10 лица.

© ЖУРНАЛ    ~33,11

НАЈЧИТАНИ ОД РЕГИОН
По само 5 дена заеднички живот, поранешната сопруга живи ги запалила- детали за пожарот кој го потресе регионот
Капучино 6 евра, хамбургер дури 22 - во оваа балканска земја е поскапо и од Мајорка
(Видео) Силно невреме ја погоди Србија, паѓаше град со големина на лешник
Хаос во ТВ студио: Професор и новинар за малку ќе се испотепаа, водителот ги раздвојуваше (ВИДЕО)
Гледате ли нешто погрешно - поради ова забрането е фотографијата на оваа матурнтка да се најде на табло
Српски научник пронајде лек за рак
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.