МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Судот забрани продажба на книгата „До атентатот и по него“, за авторот Андов ова е „н..
Кандидатурите на Пендаровски и Силјановска за претседател доставени во ДИК
Шилегов: Оваа пролет ќе бидат засадени 1.200 дрвја во сите скопски општини
„Македонија-Блокира“ со кривична пријава против ДИК за Филип Петровски
Култура
Филип Фидановски е нов претседател на ДЛУМ

Филип Фидановски е нов претседател на ДЛУМ

недела, 03 март 2019, 11:02ч.   |   L.E.

Ликовниот уметник Филип Фидановски е избран за нов претседател на Друштвото на ликовни уметници на Македонија на денеска одржаното Собрание.

Фидановски е роден во Скопје 1977 година. Дипломирал во 2002 година на одделот за ќерамика, а магистрирал во 2006 година на Националната уметничка академија во Софија. Учествувал на 43 групни изложби во Македонија, Србија, Бугарија, Хрватска, Чешка, Белгија и Египет, а организирал и голем број самостојни изложби. Добитник е на голем број награди.

На седницата покрај Фидановски, со тајно гласање е избран и потпретседател, Управен одбор и Уметнички совет. За потпретседател е избрана Марјана Костојчиновска Узунчева. А дел од Управниот одбор се и членовите Златко Бојковски, Христијан Санев и Шкипе Мехмети.

За претседател на Уметничкиот совет избрана е Дијана Томиќ Радеска, а останати членови на составот се: Симонида Филиповска Китановска, Жани Гелевска, Марија Светиева, Маја Кировска, Новица Трајковски и Стефан Димовски.

”Со ова се заокружува новата постава за четиригодишниот мандат на раководни тела на ДЛУМ, кое ќе ги застапува интересите на уметниците членови на овој ликовен еснаф”, соопштуваат од ДЛУМ.

© ЖУРНАЛ    ~39,13

НАЈЧИТАНИ ОД КУЛТУРА
Шест романи во трката за „Роман на годината“
Руската зима во кинотека почнува со „Ана Каренина: Приказната на Вронски“ на Шахназаров
„Медена земја“ ќе ја смени перцепцијата за македонскиот филм
Операта „Хофманови приказни“ во МОБ
Филмска вечер во Кинотека со германскиот филм „Што останува“
„Медена земја“ прогласен за најдобар светски документарец на „Санденс“
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.