МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Директорката на Детската клиника поднесе оставка
Џанков: Договорот од Преспа отвора перспективи за целиот регион
Жбогар очекува отворање на преговорите со ЕУ
Стоилковски: Владата нема никакви инвестиции во инфраструктурата
Економија
СДСМ:Исплатени над 40 милиони субвенции за над 80.000 земјоделци

СДСМ:Исплатени над 40 милиони субвенции за над 80.000 земјоделци

петок, 29 март 2019, 12:21ч.   |   L.E.

Скопје, 29 март- Владата предводена од СДСМ и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство продолжуваат со вистинска грижа за земјоделците.Од почетокот на годинава па до денес, исплатени се вкупно 40.5 милиони евра за субвенции во кои се опфатени над 80 илјади земјоделци, соопшти СДСМ.

Според партијата, притоа опфатена е исплатата на субвенции на сите земјоделски култури како овошните, градинарските, житните и лозовите насади.

,,За одржување на овошните насади, на овоштарите исплатени им се околу 5,5 милиони евра.Пред почетокот на новата проиводствена сезона, исплатени се субвенции за лозови насади од околу 9 милиони евра на над 15.000 лозари. Тоа се средства што се враќаат директно кон лозарите за подготвени да ја дочекаат производствената сезона и да вложат во производство на квалитетно грозје.

За одгледувачите на градинарски култури исплатени се 4,4 милиони евра, додека пак за житните култури 5,5 милиони евра.Министерстото за земјоделство, шумарство и водостопанство одвои 16 милилиони евра за субвенции во сточарството. А во меѓувреме, зголемена е сумата за набавка на добиток од 14 на 91 милиони денари, вклучително и за овчарство.Исплатата на финансиската поддршка кон земјоделците се одвива непречено, неселективно и навремено, земјоделците ги добиваат субвенциите тогаш кога им се најпотребни”, се додава во соопштението.

© ЖУРНАЛ    ~24,8

НАЈЧИТАНИ ОД ЕКОНОМИЈА
Регулаторна одлучи: Големо поскапување на бензинот и дизелот
Велигден ги поскапе земјоделските производи, а се намалува цената на јагнешкото
Поскапуваат горивата
Евидентирани 190 илјади невработени, 70% не се појавуваат на интервју, а 30% ја одбиваат работата по интервјуто, вели АВРМ
Производствените фирми тешко наоѓаат стручен кадар
РКЕ: Сопствениците на станови исклучени од парно нема да плаќаат ако живеат во нив
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.