МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Османи-Која: Упадот во ИВЗ е срамен чин и ја загрозува секуларноста на земјата
Киро Здравев избран за нов претседател на Судскиот совет
Кирацовски: сестра ми и мајката на сопругата се повлекуваат од работните места
Политичките судири во „двојка“ кај иста судијка
Свет
До 2025 година, околу 3,5 милијарди луѓе ќе се соочат со недостиг на питка вода

До 2025 година, околу 3,5 милијарди луѓе ќе се соочат со недостиг на питка вода

понеделник, 25 март 2019, 14:43ч.   |   Z.H.

 Повеќе од две милијарди луѓе во светот немаат пристап до питка вода, а се очекува дека до крајот на 2025 година со недостиг на вода за пиење да се соочат околу 3,5 милијарди луѓе.

 
Организацијата „Лекари без граници“ (МСФ), отворајќи повеќе од 230 бунари во Чад, Нигер, Кенија, Сомалија, Авганистан и Демократска Република Конго, овозможи пристап до питка вода за околу 140.000 луѓе.
 
„Лекари без граници“ смета дека и денес во светот постојат луѓе кои немаат пристап до питка вода, која е неопходна за живот.
 
Според податоците на Светската здравствена организација (СЗО), околу 2,1 милијарда луѓе немаат пристап до питка вода, а три од 10 луѓе користат нечиста вода.
 
СЗО потсетува и дека 263 милиони луѓе секојдневно пешачат и по половина час за да дојдат до питка вода.
 
„Лекари без граници“ предупредуваат дека се очекува до 2025 година, околу 3,5 милијарди луѓе да се соочат со недостиг на вода.
 
Според истите податоци, секои 90 секунди во светот умира по едно дете поради недостиг на питка вода.
 
Координаторот на проектите на „Лекари без граници’“, Јахја Танрикулу потсетува на потешкотиите со кои се соочуваат луѓето во различни делови од светот за да имаат пристап до питка вода.
 
– Минатата година бевме во местото Танга во Танзанија. Бевме сведоци дека луѓето поставуваа контејнери на покривите од куќите, во кои собираа дождовница. Ги прашав зошто го прават тоа. Ми одговорија дека ја пијат таа вода, а ја користат и за подготовка на храна – појасни Танрикулу.
 
Тој поосчи дека со слична ситуација се соочиле и во Авганистан.
 
– Таму има деца кои пешачат со километри за да дојдат до питка вода. На тој пат понекогаш ги губат и своите животи. Недостигот на вода за пиење доведува и до епидемии на различни болести од кои тие умираат – додаде Танрикулу.

© ЖУРНАЛ    ~24,8

НАЈЧИТАНИ ОД СВЕТ
Русија ја коментираше победата на комичарот на претседателските избори во Украина
Украински министер кажа дека ќе влезе во Москва со тенкови, Русите одговорија со иронија
Голема трагедија ја скрши Меркел
Амбасада на Русија: Велика Британија намерно провоцира со испраќање „апачи” во Естонија
Се разбудила по 27 години во кома, покрај неа бил синот кого го спасила во сообраќајката во која настрадала
Се разбудила по 27 години во кома, покрај неа бил синот кого го спасила во сообраќајката во која настрадала
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.