МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Османи-Која: Упадот во ИВЗ е срамен чин и ја загрозува секуларноста на земјата
Киро Здравев избран за нов претседател на Судскиот совет
Кирацовски: сестра ми и мајката на сопругата се повлекуваат од работните места
Политичките судири во „двојка“ кај иста судијка
Македонија
Заев: Можно решение за законот за јавно обвинителство прифатливо за сите

Заев: Можно решение за законот за јавно обвинителство прифатливо за сите

понеделник, 25 март 2019, 16:18ч.   |   Xh.I.

Премиерот Зоран Заев не верува дека се пропаднати разговорите за законот за јавно обвинителство и идниот статус на СЈО со најголемата парламентарна партија ВМРО-ДПМНЕ. Смета дека низ разговори може да се дојде до решение зад кое би застанале сите и дека до крајот на месецов може да се затвори ова прашање. Од денеска, како што најави, почнуваат разговори и со помалите политички партии и помалите парламентарни групи.

-Ова е еден од најважните закони во правосудството. Министерството за правда денеска почнува разговори со помалите политички партии и помалите парламентарни групи. Не верувам дека се пропаднати разговорите и со најгоелмата парламентарна партија ВМРО-ДПМНЕ, изјави денеска Заев одговорајќи на новинарски прашања пред почетокот на трибината во Куманово.

Прашан дали очекува до 1 април да биде донесен законот, Заев одговори дека доколку се направат напори тоа е можно.

– Мислам дека има време, иако Парламентот не работи за да не даде политички алатки на политичарите и на пратениците да се злоупотеби заради камапња, тогаш може да се свика седница во април. Не би сакал оваа тема да се злоупотреби во кампањата. Добро би било да го затвориме ова прашање пред кампањата, изјави премиерот.

Прашан кои од условите на опозициската работна група се прифатливи, Заев рече дека за него е прифатливо се што е уставно возможно, тоа што е прифатливо за граѓаните, што е во духот на Венецијанската комисија, во духот на реформите и на стратегијата во правосудството. За тоа, посочи, се залагаме и ние како држава, но и нашите европски партнери. Појасни дека принципите за кои се залагааат веќе се прифатени или имплементирани во нашето законодавство, дел од претходната, а дел од оваа власт.

– Верувам дека е можно сите заедно да застанеме зад едно квалитетно решение со кое ќе овозможиме прво ние политичките чинители да имаме доверба, а секако и граѓаните, бидејќи ќе има сериозен импакт во делот на борбата против криминалот, корупцијата, но и средување на правните норми во земјава, изјави премиерот Зоран Заев во Куманово.

© ЖУРНАЛ    ~51,17

НАЈЧИТАНИ ОД МАКЕДОНИЈА
Михаил Трендафилов-Нанче: Преродбата почнува од Охрид, тоа не е случајно. Ќе работиме домаќински и чесно за да изгрее новото сонце на слободата!
Вајгл: Има една незгодна работа за Македонија, а тоа е дека за неа се зборува во пакет со Албанија
Галетановски: Не сум ја навредувал Сиљановска лично, не е моја вина што секој ден има нов гаф
Мајката и двете ќерки целосно изгореле, телото на таткото било изгорено до половина
Ќе се менуваат законите за вработените во јавниот сектор и административните службеници
Анагностопулу: И да победи Сиљановска, на меѓународно ниво нема да направи ништо за Договорот од Преспа
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.