МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Османи-Која: Упадот во ИВЗ е срамен чин и ја загрозува секуларноста на земјата
Киро Здравев избран за нов претседател на Судскиот совет
Кирацовски: сестра ми и мајката на сопругата се повлекуваат од работните места
Политичките судири во „двојка“ кај иста судијка
Технологија
Што да очекуваме од Apple Watch Series 5?

Што да очекуваме од Apple Watch Series 5?

понеделник, 25 март 2019, 11:24ч.   |   L.E.

Apple Watch стана најпродаван часовник на планетата и има многу причини за овој успех. Ова е еден од производите каде Apple не штеди иновативно размислување и опипливо го подобрува секој следен модел.

Иако е малку веројатно да го видиме следниот модел пред есента, гласините околу Apple Watch Series 5 почнуваат да засилуваат.

Според XDA, Apple најверојатно ќе го задржи дизајнот што го видовме во Series 4 и ќе се потпре на технолошките промени во „невидливиот“ хардвер.

Според неодамна појавен патент, Apple планира да имплементира нов метод на контрола кој точно ги брои движењата на рацете. На овој начин можеме да се движиме низ менито, да ги менуваме песните или да одговоруваме на повици без да ја користиме нашата слободна рака.

Но, најмногу очекуваме во функциите дизајнирани да ги следат и анализираат здравствените показатели. Ако може да се верува на неодамнешниот напис во „Bloomberg“, Apple планира конечно да ги израдува потрошувачите со функција за следење на спиењето.

Се очекува основниот модел Series 5 да чини 399 долари и најверојатно ќе биде објавен во септември, кога очекуваме да ги видиме следните модели на iPhone.

© ЖУРНАЛ    ~30,10

НАЈЧИТАНИ ОД ТЕХНОЛОГИЈА
Како да откриете кој ве пребарува на интернет?
Фејсбук Месинџер ќе се враќа во главната апликација
Плејстејшн 5 ќе биде нешто досега невидено!
Вибер воведе нова услуга: Многу е корисна, но не е бесплатна
iPhone XE е компактниот Apple модел кој фановите долго го очекуваа!
Доминација на кинеските компании: Ова се најбрзите паметни телефони во светот
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.