МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Османи-Која: Упадот во ИВЗ е срамен чин и ја загрозува секуларноста на земјата
Киро Здравев избран за нов претседател на Судскиот совет
Кирацовски: сестра ми и мајката на сопругата се повлекуваат од работните места
Политичките судири во „двојка“ кај иста судијка
Xроника
Изминатиот викенд казнети 159 возачи за брзо возење

Изминатиот викенд казнети 159 возачи за брзо возење

понеделник, 25 март 2019, 11:16ч.   |   L.E.

Скопје, 25 март- „Во текот на изминатиот викенд во Скопје се санкционирани 159 возачи за брзо возење, 16 возачи поминале на крстосница на црвено светло, четворица возачи не дале првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, пет возачи за неправилно престројување, еден за неправилно престигнување, двајца возачи не дале првенство на минување на возила во зона на крстосница, 51 возач за не користење на заштитен шлем, 11 возачи за неносење сигурносен појас и 29 возачи за користење мобилен телефон при управување на моторно возило", покажуваат податоците од билтенот на СВР Скопје.


Во текот на викендот во Скопје се случиле вкупно 23 сообраќајни незгоди, од кои во една со тешки телесни повреди се здобил пешак, во 11 со полесни повреди се здобиле 17 лица и во 11 е причинета материјална штета.

Сообраќајната полиција издала 206 казни за непрописно паркирање, а со специјалното возило „пајак“ подигнати се 139 возила.

Од сообраќај се исклучени вкупно 61 возач, од кои 50 пред да се стекнат со право на управување и 11 почетници, како и четири технички неисправни и 62 нерегистрирани возила.

Во текот на денот Одделението за превенција при СВР Скопје ќе реализира едукатини работилници во ПОУ „Круме Кепески “ на подрачјето на општина Кисела Вода, со ученици од второ одделение, во рамките на сообраќајно воспитниот проект „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“.

© ЖУРНАЛ    ~24,8

НАЈЧИТАНИ ОД XРОНИКА
Синот на Илчо Захариев пронајден мртов
Починато лице пронајдено во објект во Бутел
НЛБ Банка се огласи по вооружениот грабеж, средствата на нашите клиенти се сигурни
Актерката Билјана Белицанец најдена мртва
Прегазен пешак во Ново Лисиче, загина на самото место
Скопјанец ја силувал 13-годишната ќерка, девојчето само пријавило во полиција
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.