МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Османи-Која: Упадот во ИВЗ е срамен чин и ја загрозува секуларноста на земјата
Киро Здравев избран за нов претседател на Судскиот совет
Кирацовски: сестра ми и мајката на сопругата се повлекуваат од работните места
Политичките судири во „двојка“ кај иста судијка
Македонија
Катица Јанева и Ленче Ристоска на дневен ред на Советот на јавните обвинители

Катица Јанева и Ленче Ристоска на дневен ред на Советот на јавните обвинители

понеделник, 25 март 2019, 11:15ч.   |   Xh.I.

Советот на јавните обвинители на денешната презакжана седница, меѓу другото, треба да расправа за претставката на судијата Владимир Панчевски за претресите во неговиот дом во истрагата на специјалното јавно обвинителство. „Макфакс“ дознава дека претставката која е ставена на дневен ред се однесува на постапувањето на обвинителките Катица Јанева и Ленче Ристоска.

Панчевски ја оспори наредбата за претрес од септември 2017 година издадена од гевгелискиот суд, и тврдеше дека стварната надлежност за постапување против него ја има Основниот суд Скопје 1, а не судот во Гевгелија.

Постапувајќи по три кривични пријави кои Панчевски ги поднесе против десет службени лица, надлежен обвинител oд Скопското обвинителство оцени дека во дејствијата на пријавените нема битни елементи на кривични дела, ниту на други дела што се гонат по службена должност и ги отфрли пријавите.

Во соопштението беше наведено дека со оглед на тоа Панчевски е судија во Основниот суд Скопје 1 Скопје, а поради  висок ризик од нарушување на тајноста на дејствието и на предистражната постапка, барањето за издавање наредба било поднесено до гевгелискиот суд, што е во согласност со воспоставената практика на Европскиот суд за човекови права.

© ЖУРНАЛ    ~42,14

НАЈЧИТАНИ ОД МАКЕДОНИЈА
Михаил Трендафилов-Нанче: Преродбата почнува од Охрид, тоа не е случајно. Ќе работиме домаќински и чесно за да изгрее новото сонце на слободата!
Вајгл: Има една незгодна работа за Македонија, а тоа е дека за неа се зборува во пакет со Албанија
Галетановски: Не сум ја навредувал Сиљановска лично, не е моја вина што секој ден има нов гаф
Мајката и двете ќерки целосно изгореле, телото на таткото било изгорено до половина
Ќе се менуваат законите за вработените во јавниот сектор и административните службеници
Анагностопулу: И да победи Сиљановска, на меѓународно ниво нема да направи ништо за Договорот од Преспа
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.