МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Северна Македонија за 23 места го подобри рејтингот на Глобалниот индекс на мирот, со..
Сведок тврди дека се прислушувало од канцелариите на директорот на УБК и началникот н..
Фетаи: СЈО ја книжи злоупотребата на Камчев со шетањето во Германија
Димитров во ФАЦ: Признајте го нашиот успех!
Македонија
Павлопулос: Грција ја поддржува европерспектива на Северна Македонија, но потребно е да се исполнат предусловите

Павлопулос: Грција ја поддржува европерспектива на Северна Македонија, но потребно е да се исполнат предусловите

понеделник, 25 март 2019, 10:34ч.   |   Xh.I.

Грција ја поддржува европската перспектива на Северна Македонија, но потребно е целосно почитување на меѓународното право и правилна имплементација на Договорот од Преспа.

Во спротивно ќе биде блокирана нејзината европска перспектива, рече грчкиот претседател Прокопис Павлопулос, во честитката по повод националниот празник на Грција, 25 март, повторувајќи ја истата порака што ја испрати и во честитката до Грците од дијаспората, пред три дена, како што во петокот објави МИА.

Павлопулос, и овој пат, во писмената честитката до граѓаните, ги спомена и т.н. грчки национални прашања, односите на земјата со Турција, Албанија, Северна Македонија, како и кипарското прашање.

-Што се однесува на Република Северна Македонија, ја поддржуваме нејзината европска перспектива. Но, предуслов за оваа перспектива, од нејзина страна е целосно и искрено почитување на европското законодавство во целост, со тоа и меѓународното право во целост, а пред сè Договорот од Преспа, што мора да се толкува и да се имплементира, според неговата содржина и духот, на начин што не остава ниту трага од иредентизам. Според тоа, секоја спротивна тактика, се подразбира, дека ќе го блокира европскиот интегративен напредок на Република Северна Македонија, пишува Павлопулос во честитката, јави дописничката на МИА од Атина.

© ЖУРНАЛ    ~28,10

НАЈЧИТАНИ ОД МАКЕДОНИЈА
Заев утре ќе им даде отказ на петмина министри?
Расипан телефон: Еролд или Хисен, Муслиу или Мемети?
СДСМ врати шест општини што ги изгуби во првиот круг
Идните членки на ЕУ губат трпение - Србија чека 10 години, Црна Гора 11 години, Македонија 14 години...
Директорката на Хематологија доби кривична пријава од Антикорупциска комисија, не поднела анкетен лист
Директорката на Детската клиника поднесе оставка
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.