МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Османи-Која: Упадот во ИВЗ е срамен чин и ја загрозува секуларноста на земјата
Киро Здравев избран за нов претседател на Судскиот совет
Кирацовски: сестра ми и мајката на сопругата се повлекуваат од работните места
Политичките судири во „двојка“ кај иста судијка
Македонија
Македонски и грчки експерти ги кројат учебниците, наставните програми и карти

Македонски и грчки експерти ги кројат учебниците, наставните програми и карти

недела, 24 март 2019, 08:56ч.   |   Z.H.

 Новите генерации во двете земји и во регионот да се едуцираат во духот на европските вредности на солидарност, доверба и меѓусебна соработка, потврдија одлучна заложба делегациите Северна Македонија и на Грција на Вториот состанок на Заедничкиот интердициплинарен комитет на експерти за историски, археолошки и образовни прашања, оформен согласно Преспанскиот договор.

 
Како што соопштија од Министерството за надворешни работи, делегациите на заедничкиот Комитет имале суштинска дебата и усвоиле интензивен работен план за постигнувањето на заеднички прифатените решенија, врз основа на принципите и целите на УНЕСКО и Советот на Европа за оваа материја.
 
-Работејќи во колегијална и конструктивна атмосфера, двете делегации особено внимание посветија на прашањето за наставните програми и учебниците што се во употреба и договорија нивно усогласување согласно духот и словото на Преспанскиот договор. На Вториот состанок е потврдена одлучната заложба на членовите на Заедничкиот комитет, новите генерации во двете земји и во регионот да се едуцираат во духот на европските вредности на солидарност, доверба и меѓусебна соработка, се наведува во соопштението на МНР.
 
Делегациите одлучиле следниот состанок на Заедничкиот Комитет да се одржи во Атина на 12 и 13 април оваа година, на кој што се очекува работата од вториот состанок да биде надградена и унапредена, а со цел да се формулираат препораките за идно одобрување од страна на Советот за соработка на високо ниво. 

© ЖУРНАЛ    ~30,10

НАЈЧИТАНИ ОД МАКЕДОНИЈА
Михаил Трендафилов-Нанче: Преродбата почнува од Охрид, тоа не е случајно. Ќе работиме домаќински и чесно за да изгрее новото сонце на слободата!
Вајгл: Има една незгодна работа за Македонија, а тоа е дека за неа се зборува во пакет со Албанија
Галетановски: Не сум ја навредувал Сиљановска лично, не е моја вина што секој ден има нов гаф
Мајката и двете ќерки целосно изгореле, телото на таткото било изгорено до половина
Ќе се менуваат законите за вработените во јавниот сектор и административните службеници
Анагностопулу: И да победи Сиљановска, на меѓународно ниво нема да направи ништо за Договорот од Преспа
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.