МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Панајотис Колокатис: Семејството Parkland Hospitality Group постојано расте
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ е партија што спроведе селективна амнестија и лицемерно е да зборува..
Заев: Поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ велат дека нема да го послушаат Мицкоски за бојкот и ..
Пендаровски: Благодетите од Договорот со Грција веќе се чувствуваат во Гевгелија
Шоубиз
Погледнете како Карлеуша го чисти споменикот на Дивна (Видео)

Погледнете како Карлеуша го чисти споменикот на Дивна (Видео)

недела, 24 март 2019, 10:44ч.   |   L.E.

 Дивна Карлеуша го изгуби својот живот на 3-ти март по долга битка со тешката болест.

 

Нејзиото заминување најтешко ја поднесе ќерката Јелена Карлеуша. Таа не може да се избори со болката.

 

Пинк.рс обрави фотографии на кои се гледа како утрово на вечното почивалиште се појавува пејачката. Таа ги чисти споменикот на својата мајка и без престан плаче.

 

Јелена беше облечена во црнина, а нејзината коса е многу кратка бидејќи по заминувањето на мајка си, одлучи да се ишиша.

До вечното почивалиште на Дивна дојде човек кој работи како каменорежач, па со Јелена се договарале како да биде изграден споменикот.

 

Сепак, Јелена Карлеуша полека се враќа на нормалниот начин на животот. Таа веќе се ангажираше да ги запише ќерките во ново училиште, но и да види како напредуваат работите во новата куќа, каде наскоро ќе се преселат.


Иако таа се уште е безволна, нејзините соработници, но и семејството даваат се од себе да и помогнат да се врати во старата форма, како побргу би закрепнала. Со нивна помош пејачката влезе во студио, како би започнала да работи на новите песни, кои веќе одамна сакала да ги снима.

Јелена инаку решила шест месеци да не се појавува во јавност, па дури ни во Ѕвездите на Градан, каде беше дел од жирито.

Сепак, најверојатно таа ќе започне со снимањата после 40 дена од смртта на мајка и, бидејќи нејзините блиски сметаат дека за неа е многу подобро таа да биде активна. Саша Поповиќ веќе ја убедува да се врати во жирито, а со оглед на тоа дека таа го цени мислењето на Саша, сите веруваат дека Карлеуша ќе се врати на старото место за еден месец.

Карлеуша и Душко пред некој дом беа снимени додека правеа обиколка од новиот дом. Пејачката се уште се чувствува доста лошо, а тоа може да се види од самата фотографија на која е со црни очила и капуљача преку глава.

Карлеуша сеуште не е подготвена да и се врати на работата, но и да се занимава со преселувањето затоа што сеуште е во жалост, затоа одговорноста за сето тоа ја презеде нејзиниот сопруг.

Иако Јелена и Душко и сега живеат во вила во Дедиње, оваа нова куќа ќе им пружи повеќе удобност. И оваа вила е сместена во елитниот дел на Дедиње, а освен просторот има големо двориште, четири големи купатила, како и базен пред самата куќа. А најчудно е тоа што на бетонската ограда е поставена и бодликава жица за што и никој не би се осмелил да провали. Освен оградата, се шпекулира дека вилата има најсовремен безбеносен систем.

 

-Душко и Јелена решиле да им го променат животното и работното опкружување поради се низ што помина нивното семејство. Пред се поради скандалот чиј главен актер беше токму Јелена, а потоа и поради Дивна Карлеуша. Како децата во тие години во кои се Ника и Атина знаат да бидат немилосрдни, да закачаат и оговараат, Тошиќ и Карлеуша се убедени дека тоа во новото училиште нема да го има. Имено тие избраа интернационално училиште во кое претежно одат странци, наставата е на англиски јазик и веруваат дека другите деца нема ни да знаат кои се Душко и Јелена, а камоли да знаат што им се случувало во приватниот живот – раскажал извор близок на пејачката.


Одлуката да ги запишат ќерките во тоа училиште е и поради неговата локација.

-Душко и Јелена до крај на пролетта се селат во вила на Сењак која ја купиле од Драган Стојковиќ Писки, а новото училиште кое ќе го посетуваат Атина и Ника се наоѓа на 5 минути оттаму. Внатрешните работи се при крај, а Душко престојот во српската престолнина ќе го искористи и за надгледување на истите – додал изворот.

© ЖУРНАЛ    ~45,15

НАЈЧИТАНИ ОД ШОУБИЗ
Ми ставија нож под грло да се појавам во спот: Владо Jаневски го прекрши правилото
Прва слика на водителката откако автобусот и ја „иcкopна“ раката!
Нова трагедија во семејството Шаулиќ: По смртта на Шабан семејството повторно завиено во црно
Наташа Беквалац: Ми беше љубов 18 години, заспа и повеќе не се разбуди
Теа Трајковска се соблече топлес (Фото)
Телото на починатата Беличанец го пронашол сопругот во неговиот стан
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.