МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Расмусен: Земјите од ЕУ не можат да ѝ ја негираат на Македонија иднината што ја..
ЕУ земјите со зелено светло само за Северна Македонија
Северна Македонија за 23 места го подобри рејтингот на Глобалниот индекс на мирот, со..
Сведок тврди дека се прислушувало од канцелариите на директорот на УБК и началникот н..
Занимиливости
5 причини зошто секогаш треба да си бидете приоритет

5 причини зошто секогаш треба да си бидете приоритет

недела, 24 март 2019, 10:31ч.   |   L.E.

 Ставањето на сопствените потреби на прво место некои би го опишале како егоцентричност, но тоа е, всушност, најдоброто нешто кое долгорочно можете да го направите за себе.

1. Вашето здравје зависи од тоа
Стресот и недостаток на сон го ослабнуваат нашиот организам, па така стануваме подложни на различни здравствени проблеми и болести. Често толку многу се оптоваруваме со секојдневни задачи што не успеваме да пронајдеме половина час да се одмориме, а камоли за хоби кое нè прави среќни и опуштени. Затоа, на крајот страда нашето физичко, а не ментално здравје.

2. Работата може и мора да причека
Работата никогаш не треба да ви стане приоритет или да биде централна точка околу која се врти целиот живот. Работните обврски мора да причекаат кога се во прашање важни работи. Не ги одлагајте лекарските прегледи заради работата и не се убедувјате себеси дека ништо нема да се случи ако се почека малку со некој важен преглед, кој одамна требало да го направите.


Можеби мислите дека проектот на кој работите во моментот бара 100 проценти од вашето внимание па на него го трошите и своето слободно време, но токму тоа е погрешен потег, кој многумина го прават. Работата е само работа, а слободното време го користите за де се одморите од работа.

3. Ќе имате поквалитетна љубовна врска
Нема ништо лошо во тоа да се грижите за потребите на својот партнер, но ако тоа го правите на сметка на сопствените потреби, на долг рок вашата врска ќе изгуби на квалитет. Ако не научите како јасно и гласно да ги изразувате своите сомнежи, чувства и желби, по некое време ќе се чувствувате игнорирани и запоставени.

4. Ќе бидете подобар пријател и мајка
Размислете како тоа, вашето семејство или пријателите не забележуваат дека сте нервозни, уморни и раздразливи? Се лажете, тие со сигурност знаат да препознаат кога се чувствувате лошо. Не можеме секогаш сите да бидеме одлично расположени и моментите на нервоза се вообичаени состојби. Меѓутоа, кога сме во состојба на хроничен стрес, тогаш сме склони кон претерано емоционални реакции и не ги гледаме работите во вистинско светло.

Тоа може да доведе до бројни недоразбирања, непотребни расправии, па дури и кавги. Затоа внимавајте на себе, обезбедете си најмалку 15 минути секој ден кога ќе се повлечете во својот свет, да се опуштите од мислите, да дишете длабоко и да ги наполните батериите за остатокот од денот. Запомнете, кога сте среќни, тогаш сте им најмногу корисни на вашите најблиски.

5. Ќе постигнете внатрешен мир
Не се чувствувајте виновни заради тоа што своите потреби ги ставате пред потребите на другите. Имате целосно право да си бидете приоритет и да се реализирате во секој поглед. Конечно, така ќе станете подобра личност, ќе станете свесни за своите интереси и потреби и ќе го постигнете толку посакуваниот внатрешен мир кон кој сите ние се стремиме.

© ЖУРНАЛ    ~30,10

НАЈЧИТАНИ ОД ЗАНИМИЛИВОСТИ
10 факти за Бутан, земја каде што нема бездомници, и медицината е бесплатна за сите
Зошто втората љубов секогаш е подобра од првата љубов?
Погледнете ја најстарата слаткарница во Париз
Швајцарија го отвори своето „спална-кино“ и секој би сакал да ужива во ваков луксуз
Заедничка прослава во Турција: Татко и ќерка дипломираа во ист ден на ист факултет
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.