МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Северна Македонија за 23 места го подобри рејтингот на Глобалниот индекс на мирот, со..
Сведок тврди дека се прислушувало од канцелариите на директорот на УБК и началникот н..
Фетаи: СЈО ја книжи злоупотребата на Камчев со шетањето во Германија
Димитров во ФАЦ: Признајте го нашиот успех!
Шоубиз
Мејкап артистот на Џенифер Лопез ги открива нејзините трикови за убавина

Мејкап артистот на Џенифер Лопез ги открива нејзините трикови за убавина

сабота, 23 март 2019, 10:47ч.   |   L.E.

Доколку има нешто по коешто е позната Џенифер Лопез, тоа е нејзиниот беспрекорен тен, бронзениот тон на лицето и секогаш совршената шминка. Зад нејзиниот гламурозен изглед често стои мејкап артистот Скот Барнс. Скот има навистина големо искуство во светот на убавината и познат е веќе 25 години.

Со Џенифер работел на нејзините спотови и речиси секогаш тој ја шминка за фотографирање и глумење. Овој пат, Скот решил да ги сподели триковите за убавина на познатата пејачка, па сега можете да ги примените и вие.

 

1. Контурирање пред течна пудра
Мејкап артистот на Џенифер Лопез ги открива нејзините трикови за убавина

Веројатно имате забележано дека контурирањето на Џенифер е секогаш беспрекорно. Нема никакви остри рабови и неуреден изглед, но контурите дефинитивно се таму. Според Скот, тајната е да го направите контурирањето пред да ја нанесете течната пудра. Започнете со производи за осветлување на лицето, потоа нанесете ги сенките. Обрнете внимание добро да ги измешате боите. Покрај тоа, Скот нагласил дека кремастите производи за контурирање се многу подобри и изгледаат подобро на кожата за разлика од продуктите во прав.


2. Трикот за полни усни не е само исцртување со моливче
Мејкап артистот на Џенифер Лопез ги открива нејзините трикови за убавина

Доколку мислевте дека совршениот начин да добиете полни усни е да ги исцртате со моливче, грешите. Според Скот, обрабувањето на усните со темни продукти за контурирање е единствениот правилен начин. Скот целосно ги оцртува усните со кремаст производ за контурирање и малку го преминува работ на усните. За крај, тој користи „nude“ моливче за усни со кое ја повторува линијата од кремастиот бронзер. Скот смета дека сјајните усни секогаш изгледаат пополно, а сјајот го нанесува од средината кон надвор и со него ги допира рабовите на усните.


3. Тајната за сјајот е евтин производ
Мејкап артистот на Џенифер Лопез ги открива нејзините трикови за убавина

Дали сте забележале дека покрај лицето, целото тело на Џенифер е сјајно? За тој ефект е користен омилениот продукт на Скот. Како завршен дел од шминкањето, Скот секогаш нанесува од спрејот Neutrogena Ultra Sheer Lightweight Sunscreen SPF 30. Овој спреј е достапен насекаде во американските дрогерии, а вие можете да го побарате на Интернет.

4. Избегнете ги омбре веѓите
Мејкап артистот на Џенифер Лопез ги открива нејзините трикови за убавина

Скот смета дека веѓите се навистина важен дел од лицето и дека за нив не треба да следите трендови. Според него, најлошите трендови за веѓи се брановидните и омбре веѓите, кои пред неколку сезони го преплавија Инстаграм. За овој шминкер е познато дека може да ви го промени целото лице со контурирање и да нанесе многу слоеви шминка, но сепак најмногу го сака природниот и уреден изглед на веѓите.

© ЖУРНАЛ    ~33,11

НАЈЧИТАНИ ОД ШОУБИЗ
Пејачот Адријан Гаџа го отвора најскапиот ресторан во Скопје
Елена Велевска: Се е вистина и дека сум трудна по четврти пат!
Ќерката на Кили трудна во бикини